Skip to content
Премин Портал: Дома
Света Архиерејска Литургија во МПЦ Св. Недела - Ajax, Ontario Испечати Е-пошта

cvetnici.metodij.jpgДенес, на денот кога православната Црква го слави споменот на влегувањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос во Ерусалим - Цветници, во МПЦ" Св. Недела" во Ејџекс, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Американско-Канадски г. Методиј отслужи Света Архиерејска Литургија восослужение на парохискиот свештеник протоереј Благе Димитриевски и свештениците, протоереј-ставрофор Јован Босеовски, протоереј Митко Поповски и ѓакон Стеван Барјактаров.
На Светата Литургија многубројниот народ се причести со телото и крвта Христови.


  Радувај се и весели се граду Сионе, ликувај и радувај се Цркво божја: ете, Царот твој доаѓа во правда, седнат на осле, од младенците воспеван: Осана на висините, благословен си, Кој имаш безмерна милост, смилувај се на нас!

Јован (12.1-18)

cvetnici.metodij1.jpg

cvetnici.metodij3.jpgЕвангелското собитие на влегувањето на нашиот Господ и Спасител во Ерусалим е уште едно чудо коешто беше пророкувано уште многу генерации човечки пред доаѓањето и воплотувањето на Спасителот. Пророците зборуваа дека навистина оној кој што е Цар Израилев ќе дојде, и кроток седнат на осле ќе влезе во Ерусалим, како што ја нарече тука ќерката Сионова. Градот Ерусалим којшто ќе биде сведок и на Неговата искупителна жртва, на Неговото распнување, на Неговата смрт и на Неговото воскресение. Сето тоа се случи веднаш по Лазаревото воскресение во Витанија. Токму затоа и народот восхитен од тоа големо чудо дојде да види кој е тој којшто успеа и човек мртов да оживее. И мнозина почнаа да веруваат во Христа. Тоа ги збуни евреите и токму затоа се обидуваа да најдат добар начин не само Христа да го убијат туку и оној врз кого што беше извршено чудото, самиот Лазар, којшто беше мртов и воскресна.

Сите овие нешта, за кратко, ги разбрануваа духовите во Ерусалим. И луѓето излегуваа и го поздравуваа. Секој на различен начин, секој од различен мотив. Некои беа восхитени, некои беа само зачудени, некои искрено веруваа. Оние коишто искрено веруваа, само седум дена подоцна плачеа за Христа. Оние коишто беа зачудени, тие викаа: распни го, распни го. Оние пак, што се восхитија на чудото, тие останаа збунети и незнаеа што да кажат заради големото чудо на Христовото воскресение. Сите овие нешта се случуваа тие денови во Ерусалим. Во тоа време, кога Господ којшто ја започна својата мисија со своето раѓање, ја запечати со својата крсна смрт, со своето воскресение и вознесение. А народот пак, сепак го повикуваше и сведочеше зошто како што и на друго место се вели во Евангелието, ако луѓето замолкнат, тие најмалите, дури и ангелите, дури и безсловесните суштества ќе ја проповедаат славата Божја. Осана на висините,  благословен е Оној што доаѓа во името Господово, Царот Израилев!

На тој начин, народот го дочека Христос, својот Цар, којшто не беше земен Цар, тука Цар на Вечното и небесно царство затоа што преку него милоста и спасението дојде во овој свет. Амин.

 cvetnici.metodij4.jpg    cvetnici.metodij5.jpg

 

cvetnici.metodij6.jpg

 Извор:АКМПЕ 

Посети:719


Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 5
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

20/11/2008 - четврток

Светиот маченик Јерон со дружината;
Преподобен Лазар Галасиски;

Православен календар за овој месец - МПЦ

НИКОДИМ СВЕТОГОРЕЦ- НЕВИДЛИВА БОРБА


Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ...
Повеќе...

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

СЛОВО ЗА МАЛИТЕ ДОБРИНИ


Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност...
Повеќе...

Свети Ефрем Сирин - Злоречието и злоречивите


... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе...

Митрополит Американско- канадски г. Методиј- Беседа


...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе...

Старец Порфириј - Подвижник на љубовта


– Една непостојана душа
Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,...
Повеќе...

Митрополит Брегалнички г. Илиарион - Беседа против абортусот


...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


..." -Што е најважно во духовниот живот?
- Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување.

Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно