Skip to content
Премин Портал: Дома
Како да го надминам стравот? Испечати Е-пошта
Одговара: о.А

Прашање од Ивона: како да го надминам  стравот, кога ми се дешаваат убави работи многу се плашам и размислувам секогаш како ќе биде што  ќе биде. Понатаму,.кога се работи нарочито за брак многу се плашам.како ќе ми биде во брак и не можам да се одлучам дали да се мажам, страв осеќам голем и од ставот за нисто не можам да се одлучам или да се врзам за некоја добра работа.ќе започнам нешто добро и ќе се исплашам и ќе го оставам.
Онапред ви благодарам.

ОДГОВОР

Стравот е состојба за која треба конкретна борба за да се победи. Се победува во моментите кога сме нападнати од такво искушение на страв. На таквите помисли на страв секогаш се спротивставуваме со постапка која е спротивна од таа која стравот ни ја сервира, без разлика колку ни се чини дека е страшна , постепено со низ на такви спротивни постапки и силата на сравот слабее. Треба да се знае дека најчесто стравот е нереален и е ирационален, и дека ни прави параноична слика на тоа што треба да следи , и веднаш по тие симптоми, според зборовите на св, Софрониј препознаваме дека тие помисли се сервирани од непријателот, од духот на поднебесието. Штом помислата ни создава темнина , тоа е знак дека доаѓа од непријателот. Ние секако се раководиме во постапките според совеста  и по она како не учи верата во Христа, и по зборовите на старец Тадеј не смееме да дозволиме да тагуваме. Нашата најголема благодарност кон Бога е радоста. А како до радоста ? Со тоа што за се ќе му благодариме на Бога, без разлика дали тоа што ни се случува соодвествува на тоа што е наше очекување или не.Значи стравот влече корени и од преголемата грижа за себе, и непредаденост на волјата Божја.Секако, тука значајна улогата  за надминување на стравот е советување со духовниот отец и со  послушание  кон него без сомнеж во исходот, а со тоа покажуваме конкретна вера во Бога.


Е-пошта

  Коментари (4)
1. Пратено од Ванка, на 14-05-2008 11:07
Како да не се пласам загубив син како да продолзам верувам во Бога но немозам да опростам на некој кој мислам дека се виновни за тоа знам не ми е тоа од Господ туку од слугите на гаволот може грешам се измачувам но неможам да простам  
сега не ме плаши смрта само помислата да не грешам и дали ќе бидам пак со мојот син
2. Пратено од Бог е љубов, на 14-05-2008 22:35
Жено, Ванка, не се измачувај со мисли вакви или онакви. 
Бог е сесилен, семудар и седобар т.е. семилостив! 
Твојот син е во Божји раце, па така да се трудиме и ние да го достигнеме царството Божјо, па еден ден пак ке бидеш со твојот син...
3. Пратено од Борис, на 15-05-2008 07:26
http://preminportal.com.mk/content/view/1847/54/
4. Пратено од Saња, на 02-06-2008 13:49
Ве молам ако може да ми кажете колку што имате вие сознанија во врска со соновите колку има во нив вистина многу сонувам а повекето работи што ќе ги видам во сон ми се случуваат незнам дали треба да верувам или е тоа против световните сфакања

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 3
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели