Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Наука, Култура arrow Библиска археологија arrow Калето кај Тетово ќе се истражува без манастирската црква
Калето кај Тетово ќе се истражува без манастирската црква Испечати Е-пошта

 

Во истражувањата ќе бидат вклучени околу 200 стручњаци од земјава и од соседството

Гојко Ефтоски-Утрински весник

ТЕТОВО - Археолошките истражувања на еден од значајните комплекси во Тетово – Калето, кое се наоѓа на врвот Балтепе, официјално почнуваат денеска. Во истражувањата ќе бидат вклучени околу 200 стручни лица - археолози, архитекти, историчари на уметноста и не само од нашата земја, туку и од соседните Албанија и Косово. Се очекува да бидат откриени значајни наоди од праисторијата и антиката се' до денешно време.

За проектот што го финансира Министерството за култура се одобрени 40 милиони денари. Но, чудно е тоа што во истражувањето не е опфатена и црквата „Св. Атанасие“, која се смета за еден од најстарите култни христијански црковни споменици. Потекнува од 13 век, а целиот комплекс што зафаќа простор од околу 108.000 квадратни метри во текот на 1990 година е прогласен во манастир.

Тетовското Кале има неколку значајни историски периоди. Првиот е од праисторијата и антиката до средниот век, потоа е периодот кога турски достоинственици за време на Отоманската Империја уривале, граделе и доградувале и на крајот се обновите. Но, и воениот конфликт во 2001 година кога најмногу страдала токму манастирската црква.

Официјално се знае дека црквата на Калето посветена на „Св. Атанасие“ ја граделе жители на најблиското село Лавце, но и многу други граѓани од Тетово и пошироко. Црквата е изградена во 1321 година и во овој седумвековен период најмалку три пати разурнувана и опустошувана. Првиот пат го сторил тоа великиот везир Синан-паша во 1512 година. Потоа во 1689 година тоа го направиле Австријците, на повлекување низ Македонија, а христијанското светилиште е разурнато во 1838 година, кога Абдураман-паша решил на Калето да подигне своја тврдина.

За пустошењето меѓу луѓето се раскажуваат две легенди. Кога Абдураман-паша наредил уривање на црквата, секој што посегнувал по камењата и темелите „веднаш паѓал мртов“. Тоа било причина пашата да нареди повеќе да не се чепка по црковниот објект. Абдураман-паша на Калето подигнал комплекс од објекти - сарај, трпезарија, кујна, бунар и сето тоа оградено со дебели ѕидови од 3 до 4 метри и две капии, западна и источна.

Неговата намера била да се одметне од султановата власт. Кога ова го дознал султанот, наредил напад на тврдината. Тоа се случило во ист ден кога на Кале дотекла вода од извори на Лавце, зафат за што бил заслужен Абдураман-паша. Кога бил совладан, на заминување жално погледнал кон водата, обраќајќи и' се: Сен су ѓелд’н бен ѓит’м“ (ти водо дојде, јас отидов).

Црквата на Калето е обновена во 1912, а доизградена 1922 година. Од воените дејства во 2001 црквата има многу оштетувања, а најмногу страдале фреските. За овој православен храм нема ниту крст, ниту камбана. Во Тетовското архијерејско намесништво очекуваат со проектот да бидат заштитени црковните реликти.

 

 




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Оставете Ваш коментар

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 1
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Последни коментари

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
Слава на Госп...
02/09/10 22:31 Повеќе...
Од Тони

Царице моја преблага
Mnogu ubav link!
02/09/10 19:49 Повеќе...
Од be_free

СЕКОГАШ ИМАЈТЕ ЉУБОВ КОН БОГ И МЕЃУСЕБНО
"За монахот ти...
02/09/10 19:15 Повеќе...
Од DA!

Успение во Бигорскиот манастир (02-09-2010)
PREKRASNO!!!
02/09/10 19:08 Повеќе...
Од S.L.

Михаила Поповска - За вистината и лагата
Секоја чест. И...
02/09/10 13:57 Повеќе...
Од Игор К.

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!