Духовност
Одговори на современи проблеми
о.Тадеј-„Штом вниманието ни се одврати од Господа ние го губиме внатрешниот мир“
| о.Тадеј-„Штом вниманието ни се одврати од Господа ние го губиме внатрешниот мир“ |
|
|
|
Затоа што сме слаби. Ние сме деца. А штом сме деца на Небесниот Отец, тогаш треба да бараме потпора од Родителот. Да! Ние сме родени телесно од земните родители, па бараме од телесните родители потпора. Но тие имаат грижи, тие не се имуни на грижи. И тие се спопаднати од невољи и тешкотии, така да ние гледаме во нив, но тие не гледаат во нас. Велат: “Имаш глава, па размисли. Сега си зрел”. А Отецот небесен тоа никогаш не го избегнува. Он секогаш не гледа, секогаш не води, ако срцето ни е соединето со Него. Но ако ние бараме потпора во овој свет... Детето бара, но, овде во светот, тешко да ја најде. Многу е тешко да најдеш едномисленик во животот. Светите Отци велат: Ако си нашол едномисленик во животот, си нашол спасение. Но многу е тешко да се најде.
Св.Симеон вели: “Во великиот Ден, нема да се бара од душата дали таа се молела, дали постела, дали извршувала некакви добри дела во животот. Но затоа секоја душа грижливо ќе биде испитана дали има нешто заедничко со Христос Спасителот”. Дали таа ја има карактерната особина на Христос Спасителот.
Смирението е Боженствена особина, таа е совршенство на христијанскиот живот, кое се стекнува по пат на послушност. Оној кој не е послушен тој не може ни да стекне смирение. Многу се малку (луѓе) послушни на земјата. Спрема степенот на послушноста јакне и нашето смирение.
Што е тоа кротост Славољубието е степен на гордост. Еднаш некој грчки филозоф видел еден човек кој имал убаво облекло. Тој му пришол и му рекол дека такво облекло пред него носел тој и тој. Па му набројал кој се носел, и на тој начин го смирил, бидејки овој се гордеел заради убавото облекло, мислејки дека само тој го има. Славољубие е кога ти е мило кога сите за тебе убаво мислат. Покајание – обнова на животот Покајание значи обнова на животот. Се исповедаме и се ослободуваме од мислените замки кои не мачат, и низ покајанието се свртуваме кон апсолутното Добро. Тогаш во нас се јавуваат мирни, тивки, племенити мисли, полни со љубов и со добрина. Тие мисли ни даваат мир и тишина, и тогаш тој внатрешен мир зрачи од нас и во нашето опкружување; тогаш и душата се обновува.Со животот многу повеќе се говори отколку со зборови. Подготви: С. Стефановска Посети:792 Е-пошта
|
|||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Божествена Литургија во Дортмиунд (08.11. 2008) |
| OTEC PIMEN,SE RADUVAME SH... |
| 20/11/08 12:50 Повеќе... |
| Од ANASTASIJA |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| OTEC GAVRIL,SE RADUVAME S... |
| 20/11/08 12:22 Повеќе... |
| Од ANASTASIJA |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Мислам дека п... |
| 20/11/08 12:14 Повеќе... |
| Од m. |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| Отец, те позна... |
| 20/11/08 09:21 Повеќе... |
| Од Орце |
| Митрополит Брегалнички г. Илиарион - Беседа против або... |
| SITE,AMA SITE DA JA STAVI... |
| 20/11/08 09:12 Повеќе... |
| Од DUCI |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |