| Беседа на ден 09.03. 2008 г. |
|
|
|
Митрополит Американско - канадски г. Методиј
Токму затоа започнувајќи го постот којшто е пат кон воскресението Господово коешто е исполнето со секогаш спомнуваната и никогаш незаборавна страст или страдание Господово, со Неговото распнување, со Неговата смрт, со сето она што од љубов кон нас Го направи, сето тоа треба да го започнеме токму со тоа, со измирувањето, зошто без вистински мир внатре во себе човек е тешко да пости. А пак за постот Господ вели: “ Измијте ги вашите лица, помажувајте ги вашите глави, не за да се покажете дека постите пред луѓето туку пред Бога” . Таа благоразумност и таа благообразност со којашто човекот треба да се украси за време на Великиот пост почнуваат и завршуваат токму со милосрдието. Зошто и во благоразумноста, значи во сето она што го размислуваме, сето она што го наумуваме, всушност е милосрдието. И во благообразноста, односно во делањето на милосрдни дела исто така суштинско е милосрдието. А таа вистинска милостиња, тој вистински принос којшто треба да му Го принесеме на Бога служејќи им на своите ближни се започнува токму со тоа, најпрвин со измирувањето, а потоа и со сé она што Бог ни Го заповедал за постот: воздржувањето од секое зло, од секоја зла мисла, од секоја зла намера, од секое зло дело и се разбира пополнувањето на тоа место со секоја добродетел, со секое милосрдие, со сето она што можеме да Му Го принесеме на Бога, барем малку трудејќи се да Му возвратиме за она што Тој нам ни Го дава, а тоа е сé. Зашто заради нас Тој се воплоти, заради нас и страдаше, и умре, и заради нас воскресна и се вознесе на небесата, зошто на тој начин Го подготви патот за нашето спасение. Тој немаше потреба од тоа, имаше потреба само да ни ја покаже Својата љубов. И токму затоа и нашиот пост и нашето милосрдие и секое добро дело, тоа собирање на богатство на небесата, треба да биде за ништо друго, туку за да ја покажеме и за да ја возвратиме нашата љубов кон Бога. Амин.
Забележала: Елена Јаневска Посети:2480 Е-пошта
|
|||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
Premin Portal on Facebook |
![]() |
![]() отец Игор Калпаковски Преглед на разговор од 22.12.2009 |
![]() Митрополит Европски г. Пимен Преглед на разговор од 04.08.2009 |
| Д-р Исак Адижес промовиран за член на МАНУ надвор од ра... |
| Aman Dedo, pak predizvika... |
| 15/03/10 01:34 Повеќе... |
| Од do Dedo |
| Д-р Исак Адижес промовиран за член на МАНУ надвор од ра... |
| кај што е труп... |
| 15/03/10 01:32 Повеќе... |
| Од во прилог на коментарите, |
| Д-р Исак Адижес промовиран за член на МАНУ надвор од ра... |
| „Ако не ги тр... |
| 15/03/10 01:03 Повеќе... |
| Од р.м. |
| Д-р Исак Адижес промовиран за член на МАНУ надвор од ра... |
| Си има дедо и ... |
| 15/03/10 00:36 Повеќе... |
| Од do lisec |
| Д-р Исак Адижес промовиран за член на МАНУ надвор од ра... |
| “кога Го најд... |
| 15/03/10 00:16 Повеќе... |
| Од кој има уши да чуе ... |
![]() |
![]() |
Повеќе... |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
Претплатете се на некои од следните RSS Линкови:
Вести
Полезно и потребно
Колумни
Наука и религија
Одговори на Вашите прашања
Беседи
Поуки од Светите Отци