Полезно и Потребно
Покаен канон на св. Андреј Критски
| Покаен канон на св. Андреј Критски |
|
|
ЧЕТВРТОК ВО ПРВАТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ Слава Ти, Боже наш, Слава Ти. Цару небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сè исполнуваш, Ризницо на блага и на живот Подателу, дојди, всели се во нас, очисти не од секаква скверност и спаси ги, Благи, душите наши. Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј нѐ. (трипати) Слава на Отецот, и Синот и Светиот Дух; и сега, и секогаш и во сите векови. Амин. Пресвета Троице, помилуј нѐ: Господи, очисти ги гревовите наши; Владико, прости ни ги беззаконијата наши; Свети, посети нѐ и исцели ги слабостите наши, заради името Твое. Господи помилуј, (трипати). Слава на Отецот, и Синот и Светиот Дух; и сега, и секогаш и во сите векови. Амин. Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници и не воведувај нѐ во искушение, туку избави не од лукавиот. Господи, помилуј! (12 пати). Слава на Отецот, и Синот и Светиот Дух; и сега, и секогаш и во сите векови. Амин.
Дојдете, да Му се поклониме на Царот, нашиот Бог.
И потоа ПСАЛМ 69-ти: Песна 1-ва, глас 6-ти: ирмос: Помошник и Покровител на спасение ми стана, Он е Бог мој и ќе Го прославам, Бог на отецот мој, и ќе Го пофалам, зашто славно се прослави. (двапати) припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Агнецу Божји, Ти, Кој гревовите сечии на Себе ги земаш, зами го од мене тешкото бреме гревовно и како Милосрден дај ми солзи на умиление. Кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас. Приклонувајќи се кон Христовите Божествени заповеди, кон Него си пристапила, оставајќи ги желбите на невоздржаноста страсна и секоја добродетел, благоговејно, како една си ја извршила. Слава, троичен: Надсуштествена Троице, на Која како на Единица и се поклонуваме, земи го од мене тешкото бреме гревовно и како Милосрдна дај ми солзи на умиление. И сега, богородичен: Богородице, надеж и претстателство на оние кои Те воспеваат, земи го од мене тешкото бреме гревовно и како Чиста Владичица, прими ме мене кој се каам. П е с н а 2-ра: ирмос: Видете, видете дека Јас сум Бог, Кој пушташе манна како дожд, и некогаш во пустината од камен вода му изведов на народот мој, со десницата единствена и со крепоста Моја. (двапати) припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
"Убив човек за раната своја, и младич поради една модрица!"- ридајќи јачеше Ламех. А ти не трепериш, о, душо моја, валкајќи го телото и умот сквернејќи го. кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас! Ги подаде рацете свои кон милосрдниот Бог, во бездната на злото пропаѓајќи, Марие, а Он и тебе, како некогаш на Петра човекољубиво раката Божествена ти ја подаде, благоволејќи го секако обраќањето твое.
Слава, троичен: Беспочетна, несоздадена Троице, неразделна Единице, прими ме мене кој се каам и спаси ме мене кој Ти согрешив. Твое создание сум, не презирај ме, туку смилувај се на мене и избави ме од огнената осуда. П е с н а 3-та: ирмос: На каменот на заповедите Твои, утврди го расколебаното срце мое, зашто си единствен Свет и Господ. (двапати) припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Се угледа, душо, на древната Египјанка Агара, доброволно робинка станувајќи и раѓајќи го новиот Исмаил, - дрскоста. Слава, троичен: Троице проста, нестворена, Природо беспочетна, во Три ипостаси славена, спаси нѐ нас кои со вера се поклонуваме на крепоста Твоја. И сега, богородичен: Безвремениот Син на Отецот, во времето безмажно Го роди, Богородице. Чудо необично! Остануваш Дева, доејќи! П е с н а 4-та:
ирмос: Слушна пророкот за доаѓањето Твое, Господи, и се уплаши, зашто од Дева повела да се родиш и на луѓето да им се јавиш, па глаголаше: "Го слушнав гласот Твој и се уплашив. Слава на крепоста Твоја, Господи!" (двапати)
Времето на животот мој е кратко и со болести и лукавства е исполнето. Но прими ме во покајание и вразуми ме, да не станам сопственост и храна демонска. Спасе, Сам Ти помилуј ме! Кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас! Пропаѓајќи во бездната на големите беззаконија, не се задржа за долго таму, туку со помисла беспрекорна кон врвната добродетел поита и со подвиг преславен, Марие, го воодушеви естеството ангелско. Слава, троичен: Неразделно по суштина, неслеано во Лица, Те богословам, Едно Троично Божество, и како на едноцарствено и сопрестолно, Ти воспевам песна велика, на висините трикратно пеена. И сега, богородичен: И раѓаш и девствуваш, и остануваш низ обете по природа Дева. Од Тебе родениот, природните закони ги обновува и утробата плодоноси без породни маки. Каде Бог благоволи, таму се надминува поредркот на природата, зашто Он чини се што ќе повела. П е с н а 5-та: ирмос: Просвети го, Човекољубче, Те молам, оној кој Ти утренува, и упати ме и мене на заповедите Твои, и научи ме, Спасе, да ја творам волјата Твоја. (двапати) припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Угледај се, душо, на згрчената жена, пристапи и падни пред нозете Исусови, за да те подигне и да одиш право по патиштата Господови. Кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас! Со желба неспоредлива, Себлажена, на Живототворното Дрво посака да му се поклониш, и удостоена беше со исполнување на желбата. Затоа удостој ме и мене вишната слава да ја добијам. Слава, троичен: Тебе, Троице, Те славам, Единствениот Бог: "Свет, Свет, Свет си Оче, Сине и Духу, проста суштино, Единице секогаш со поклони чествувана!" И сега, богородичен: Нетлена, Мајко безмажна, Дево, низ Тебе во природата моја се облече Бог, Кој вековите ги создаде и го соедини со Себе естеството човечко. П е с н а 6-та: ирмос: Повикав со сето срце свое кон милосрдниот Бог и ме слушна од адот најдолен, па го изведе од пропадливост животот мој. (двапати) припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Јас сум, Спасе, царската драхма која некогаш ја загуби. Затоа Ти, Слове Божји, запали го светилникот, - Претечата Твој, побарај ме и најди ме мене, - образот Твој.
Кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас! Слава, троичен: "Троица сум проста и неразделна, во Лица разделена, и Единица сум по природа соединета!",- говори Отецот, и Синот и Духот Божествен. И сега, богородичен: Утробата Твоја Бога ни Го роди, со образ нам подобен. Него, како Создател на се, моли Го, Богородице, да се оправдаме по молитвите Твои.
КОНДАК, глас б-ти: П е с н а 7-ма: ирмос: Согрешивме, беззаконувавме, неправедно пред Тебе постапивме. Ниту го сочувавме, ниту го извршивме она што ни го заповеда, но не напуштај не сосема, Боже на отците. (двапати) припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Исчезнаа деновите мои како сон на оној кој се буди. Затоа како Језекиил плачам на постелата моја, годините на животот продолжени да ми бидат. Но, кој Исаија пред тебе ќе застане, душо, ако не Бог на сите? Кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас!
Повикувајќи кон Пречистата Богомајка, го отфрли минатото беснило на страсти, кое жестоко те мачеше и лукавиот ненавидник го посрами. Затоа дај ми сега и мене слугата твој, спасение од секоја беда. Слава, троичен: Троице проста, неразделна, единосушна, естество Единствено, Светила и Светлост, и Тројца Свети и Едно Свето, се слави Бог Троица. Затоа, душо, запеј, прослави Го Животот и Животите, Бога на сè. И сега, богородичен: Те воспеваме, Те благословуваме и Ти се поклонуваме, Богородителке, зашто од неразделната Троица, Едниот Христос Бог Го роди, и нам кои на земјата сме, самата, сето небеско ни го откри. П е с н а 8-ма: ирмос: Оној Кого Го слават војските небесни, и пред Кого треперат Херувимите и Серафимите, се што дише и сета твар, воспевајте Го, благословете и превознесете Го во сите векови. (двапати) припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Стакленицата со солзи, Спасе, како миро излевајќи ја на глава, Ти повикувам како блудницата која милост просеше. Молитва принесувам и молам проштевање да добијам. Кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас!
Просветувајќи те. Мајката на Светлоста Незалезна, од помраченоста страсна те разреши. Затоа, влегувајќи во благодатта на Духот, просвети ги, Марие, оние кои верно те величаат. Слава, троичен: Беспочетен Оче, собеспочетен Сину, Утешителу благ, Духу праведен; Родителу на Словото Божјо, Слово на Отецот беспочетен, Духу живототворен и творечки, Троице Единице, помилуј ме! Исега, богородичен: Како од тенко црвено платно, Пречиста, во утробата Твоја исткаено беше телото, духовна порфиро Емануилова. Затоа Те величаме Тебе, вистинската Богородица. П е с н а 9-та: ирмос: Од бессемено зачнување - раѓање неиска-жливо. Од Мајка безмажна - нетлен Пород, зашто рождеството Божјо природите ги обновува. Затоа сите поколенија, како Мајка Богоневестна, православно Те величаме. (двапати) припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!
Смилувај се, Сине Давидов, спаси и помилуј ме, Ти, Кој со збор бесомачните ги исцели. Со умилен глас речи ми како на разбојникот: "Амин! Вистина ти велам, со Мене во рајот ќе бидеш, кога ќе дојдам во славата Моја!" Кон преподобната: Преподобна мајко, Марие, моли Го Бога за нас!
Сите ги восхити со твојот чудесен живот, ангелските чинови и сите луѓе, живеејќи како бесплотно и натприродно битие. Така одејќи, Марие, со нозе невештаствени, Јордан го мина. Кон свети Андреј: Преподобен оче Андрее, моли Го Бога за нас! Андрее чесни, и оче преблажени, пастиру Критски, не престанувај да се молиш за оние кои те воспеваат; за да се избавиме од секој гнев и неволја, и пропаст, и од безбројните прегрешенија, ние кои верно го почитуваме споменот твој. Слава, троичен: Отецот да Го прославиме, Синот да Го возвеличаме, на Духот Божествен верно да Му се поклониме, на неразделната Троица, Единица по суштина, како на Светлина и со Светлина, како на Живот и со Живот, Кој оживува и просветува секого и сѐ. И сега, богородичен: Чувај го народот свој, Пречиста Богородителке, зашто со тебе тој верно царствува, и во тебе се утврдува, и со тебе победувајќи, секое искушение го победува, и противниците ги совладува и напредува во послушание. И повторно ирмосот: Од бессемено зачнување - раѓање неискажливо. Од Мајка безмажна - нетлен Пород, зашто рождеството Божјо природите ги обновува. Затоа сите поколенија, како Мајка Богоневестна, православно Те величаме. (двапати)
приредил и превел од црковнословенски: Игумен Методиј Златанов (сега, Митрополит Американско- канадски г. Методиј ) Издавач: Икона Православен календар за 17/07/2008 Свети Андреј, архиепископ Критски Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Ерусалим и се потстрижи во лаврата на Св. Сава Осветен. Со разумот и подвигот ги надмина многумина постари монаси и им беше пример на мнозина. Потоа патријархот си го зеде кај себе за писмоводител. А кога почна да свирепствува монотелитската (едноволничка) ерес - којашто учеше дека Господ Исус ја немаше човечката волја, туку само Божетсвената - во Цариград се собра Шестиот Вселенски Собор, во 681 година, во времето на царувањето на Константин Брадестиот. Ерусалимскиот патријарх Теодор не можеше да оди на Соборот, туку го испрати како свој ополномоштеник овој Андреј, тогаш архиѓакон. На Соборот Андреј ја покажа својата надареност, беседништво, ревност кон верата и необичната расудливост. Откако помогна да се утврди Православната Вера, Андреј се врати на својата должност во Ерусалим. Подоцна беше избран и поставен за епископ на островот Крит. Како архиереј беше многу омилен кај народот. Ревнуваш многу за Православието и ги сотираше крепко сите ереси. Со своите молитви чудотвореше. Ги протера Сарацените од островот Крит. Напиша многу поучни книги, песни и канони, од кои најпознат е Великиот Канон на Пресвета Богородица, којшто се чита во четвртокот на петтата недела од Чесниот Пост. По надворешниот изглед беше таков, што секој којшто ќе го видеше неговото лице и ќе ги чуеше неговите медоточни зборови, се насладуваше и се поправаше.“ Смртта си ја претскажа еднаш кога се враќаше од Цариград кон Крит, велејќи дека нема да стаса дома. Така и се случи. Додека коработ минуваше крај островот Митилена, овој светилник на Црквата го заврши својот земен живот и се пресели со душата во Царството на Христос, во 712 година.(Од Верскиот календар на МПЦ) Е-пошта
|
||||||||
| < Претходно | Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Божествена Литургија во Дортмиунд (08.11. 2008) |
| OTEC PIMEN,SE RADUVAME SH... |
| 20/11/08 12:50 Повеќе... |
| Од ANASTASIJA |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| OTEC GAVRIL,SE RADUVAME S... |
| 20/11/08 12:22 Повеќе... |
| Од ANASTASIJA |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Мислам дека п... |
| 20/11/08 12:14 Повеќе... |
| Од m. |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| Отец, те позна... |
| 20/11/08 09:21 Повеќе... |
| Од Орце |
| Митрополит Брегалнички г. Илиарион - Беседа против або... |
| SITE,AMA SITE DA JA STAVI... |
| 20/11/08 09:12 Повеќе... |
| Од DUCI |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |
![]() Сè што е соединето со Бога, спасено е ![]() |
| 20/11/2008 - четврток |
Светиот маченик Јерон со дружината; |
Преподобен Лазар Галасиски; |
Православен календар за овој месец - МПЦ |
![]() Ние не судиме правилно, зашто не ја гледаме длабочината на нештата, туку на прв поглед, судејќи според надворешноста, се исполнуваме со љубов или со омраза ... Повеќе... |
![]() Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “... Повеќе... |
![]() Обично човек смета, дека Творецот од него изискува значајни дела, потполно самооткажување, сецело уништување на неговата само-личност... Повеќе... |
![]() ... Блажен и преблажен е оној кој не го повредил својот јазик преку озборување против ближниот, кој преку својот јазик не го осквернил своето срце... Повеќе... |
![]() ...Бог тоа ни Го покажа и тогаш кога Ги кажа оние зборови коишто луѓето коишто се неупатени во верата тешко ги носат: Кој љуби мајка или татко, или брат или сестра, или имот, или злато или слава или било што на овој свет повеќе од Мене не е достоен за Мене....Повеќе... |
![]() – Една непостојана душа Понекогаш неволјата беше подлабока, а наоѓањето на излезот не беше просто прашање на правилно решение на некој надворешен проблем,... Повеќе... |
![]() ...Но, денес, за жал, се случува нешто ужасно. Денес во ова современо и културно општество се случува нешто одвратно, гадно, демонско. Денес жената, наместо да се подготвува да стане мајка, размислува да стави крај на животот на своето дете кое се' уште живее во нејзината утроба. ... Повеќе... |
![]() ...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува... Повеќе... |
![]() ...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ... Повеќе... |
![]() ..." -Што е најважно во духовниот живот? - Најважно е, мислам, чувањето на срцето во мир. Не се вознемирувајте по никоја цена. Во срцето треба да владее мир, тишина, молчење, тихување. Повеќе... |
![]() ...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos. Повеќе... |
![]() |