Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Колумна arrow ВРЕМЕ Е ДА ЈА НАВЕДНЕМЕ ГЛАВАТА
ВРЕМЕ Е ДА ЈА НАВЕДНЕМЕ ГЛАВАТА Испечати Е-пошта

д-р Драган Михајловиќ


Тоа што им го правиме на нашите јужни соседи, Хеленците, навистина е невиден скандал во историјата на негувањето добрососедски односи. Немаме никаков респект, ни почитување, ни уважување спрема една нација којашто е членка на Европската Унија уште од 9-от век пред нашата ера, кога другите европски народи, мрсулковци, не знаеја ни како ќе се викаат. Со сите сили настојуваме во споменатата Унија да внесеме раздор, наметнувајќи измислени проблеми. А уште во она време, убаво ни велеше европратеникот Сократ Умниот: „Се што знам (за Македонија) е – дека ништо не знам“. Човекот не се правеше мутав, туку со висока доза на философија и дипломатичност ни стави до знаење дека нè нема, дека самите си се измислуваме. А што да се каже за символичната демонстрација на тогашниот Хеленски министер за малцински прашања, Диоген Кусогледиот! Човекот нè бараше среде бел ден со фенер: по плоштади, по паркови... И нормално, како можеше да не најде, кутриот, кога нè немало. Каков суптилен пристап во решавањето на непостоечки проблеми! Кога ќе видам како денес нашите палат контејнери на улиците при демонстративното самодокажување, ми идат солзи на очите (малку од чадот, но повеќе од комплекс на помала античност). А дека навистина треба да се срамиме од нашите недоквакани барања, само да потсетам: уште тогаш баравме од Хеленците да го сменат Архимедовиот закон, да извршат корекции во Питагорината теорема, и што ли уште не... Арно тогаш ни велеше европарламентарецот Хесиод Космополитецот: „Некој сака да внесе смут и хаос во Космосот!“ 
Ако, ако. Само ние нека инсистираме и понатаму тапоглаво на своите необмислени барања. Забораваме дека еден од првите принципи на Европската Унија, воведен од хеленецот Хераклит Пантареецот, гласи: „Сè тече, сè се менува“. Ќе и дојде крајот и на нашата тврдоглавост. Ќе се променат работиве, но не во наша полза. Ама, тогаш веќе ќе биде доцна за нас!

А нашето недоквакано инсистирање да влеземе во НАТО алијансата е навистина преседан par excellаnce. Само им правиме проблеми на сите, а најмногу на нашите соседи Хеленците. Забораваме дека тие беа оснивачи на најстарата и најсилната воена алијанса во историјата на човештвото, „Хорсус Тројаникус“. А ние? Ни респект, ни почит спрема нив... Со безрезервна поддршка на тогаш моќната Викинзија, се сеќавам, успеавме да се спровнеме во алијансата на мала врата, со задни намери како и секогаш! Поставивме услов за наш влез во алијансата! Која дрскост! Условот беше алијансата да го промени името. Демек, „Тројански Коњ“ било провокативно за нас, поарно ќе било алијансата да се вика „Букефало“. Алијансата го смени името и – се распадна. Магарешки главурди бевме и останавме!  

Луѓе, крајно време е да си ги наведнеме магарешките глави, и да ги оставиме нашите изнемоштени соседи Хеленци во мир да си го надокнадат изгубеното. Расправајќи се со нас деценија и кусур, заостанаа во својата култура и демократија дури и во споредба со новоиспилените лаоси. Се чувствувам бедно и виновно.

Простете ни, драги наши антички соседи.

 

Посети: 936


Е-пошта

  Коментари (6)
1. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 24-03-2008 20:20
Браво Др.Драган, титулата и се друго сигурно ти ги дале грциштата, па што не одиш да си живееш таму а нас да не оставиш да си пропаѓаме и да патиме за вакви предавници...Тие не не признаваат ни под еден основ а ти...немам коментар.
2. Пратено од mimi, на 24-03-2008 20:41
Ocito Johnny ne go razbra Dragan.
3. Пратено од Драган, на 24-03-2008 20:44
Драг Johnny,  
ти како да не си читал басни...  
Мојата порака е јасна како басна. А ако тебе не ти е јасна, се предавам, како вистински предавник.
4. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 24-03-2008 23:09
Во ова лудо време не ми се јасни ниту басните.Поминаа тие времиња на Езоп.Сега и тој ми е мрзок (што се нема да направи политиката од нас).Благодарам за басната и ако е така се надевам дека ќе ми простиш.Се најубаво!
5. Пратено од Од вицкаст, на 24-03-2008 23:37
Ова излезе како оној вицот: А бе комши те знам ама што те знам?! :)
6. Пратено од od T, на 25-03-2008 00:12
a be vickast te znam ama sho te znam ;)

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 1
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели