лого FacebookTwitterYouTubeeMail

News:



Тирана /27/11/ 16:50
Makfax

Автокефалната Православна Црква (АПЦ) во Албанија е целосно грцизирана, оценуваат албанските медиуми по вчерашното назначување на Грк за нов митрополит на Ѓирокастро

Митрополитот Димитри Синематис е трет висок свештеник во АПЦ кој има грчко државјанство. Назначувањето со верски обреди во црквата Света Влахија во Ѓирокастро го изврши поглаварот на АПЦ, архиепископот Анастасиос. Митрополијата Ѓирокастро ги опфаќа и Пермет, Саранда и Тепелена.

Според медиумите, назначувањето на новиот митрополит од страна на неколку грчки радио станици кои се слушаат и во јужна Албанија, било искористено за зајакнување на грчката пропаганда во Албанија.

Архиепископот Анастасиос, исто така, има само грчко државјанство, а официјална Тирана и покрај неговите барања, до сега му нема дадено албанско државјанство, истакнуваат медиумите во Тирана./крај/мн/ил/б


Add comment

Security code
Refresh

Сè што е соединето со Бог, спасено е

Во продажба нов број на Премин (101/102)

Православен календар

31/03/2015 - вторник
 Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски;
Свети Анин Чудотворец;
(Велигденски пости);
Строг пост
Православен календар за овој месец - МПЦ

Манастирски посни рецепти

Од Верскиот календар на МПЦ

Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски;

Во 346 година го посветија за свештеник, а во 350 г. го наследи на престолот блажениот ерусалимски патријарх Максим.

Последни коментари

Воведување во Постот

Спротивно на она што многумина го мислат или чувствуваат, Постот е радосен период. Тоа е период кога се враќаме во живот. Тоа е време кога се ослободуваме од она што е лошо и мртво во нас, за да станеме способни да живееме, да живееме со сета широчина, сета длабочина, сета сила на којашто сме повикани. Повеќе...

За последните времиња

Тогаш христијанскиот морал и преданието ќе се изменат. Меѓу луѓето ќе ги снема скромноста и целомудрието, а ќе зацари блудот и распуштеноста. Лагата и среброљубието ќе ја надминат секоја мера, а тешко на оние кои трупаат богатство. Со општествата ќе загосподари блудот, прељубата, мажелоштвото, тајните дела, кражбите и убиствата. Повеќе...

Анегдота (или не)

Сатаната ги повика сите демони на светски самит:
Во воведното обраќање им рече на своите сатански братја :
– Не можеме да ги спречиме христијаните да одат во црква.
– Не можеме да ги спречиме да ја читаат својата Библија и така да ја откриваат вистината.
– Затоа браќа, да ги пуштиме да одат во својата црква, да ги пуштиме да имаат свои славски ручеци, но да го крадеме нивното време за да не стигнат да воспостават врска со Христос. Повеќе...

Манастир Св. Арxангел Михаил - Берово

Взбранной Воеводе победительная