Skip to content
Премин Портал: Дома
Божествена Литургија во Св. Спас, Скопје (02. 03. 2008 ) Испечати Е-пошта

sv.spas.sud1.jpg 

Во овој ден правиме спомен на Второт и непоткупливо Христово пришествие, што божествените отци го одредиа од две причини: прво, заради оние кои знаат за Божјото човекољубие, па живеат мрзливо, велејќи: Бог е човекољубив, па кога ќе се ослободам од гревот( кога ќе се покаам), сум ја завршил целата работа. Второ, потсетување на овој страшен ден се прави за да знаеме што не очекува еден ден по смртта, та оние што овој живот го минуваат во мрзливос и неодговорно, да се исплашат од она што ги очекува и да почнат да живеат добордетелен живот, и да не се надеваат само на Божјото човекољубие,  но да знаат дека Бог е и праведен и дека ќе даде секому според неговите дела. Инаку, и душите на починатите  треба да излезат пред Судијата. Затоа, овој празник на некој начин претставува и крај на сите празници, бидејќи тој чин- Страшен суд, ќе биде конечен за сите нас.

Треба да се знае и тоа дека идната недела ќе се потсетиме на почетокот на светот, на паѓањето и изгонувањето на Адам од рајот. Денешниов, пак, ден( празник) е крај на сите денови, како и на самиоит свет. Од оваа недела се скусува храната ( повеќе не се јаде месо), а не повикува и на милостина кон ближните. Исто така, бидејќи со храна бевме истерани од рајот, и и паднавме под осуда и проклетство, по примерот на Адам од наредната недела, се молиме Христос и нас повторно да не воведе во рајот.


sv.spas.sud9.jpg

Во денот кога Светат црква го слави споменот на свети Лав I, папа Римски и  свети Флавијан.

 „Со Твоето неискажливо човекољубие, Христе Боже, удостој не и нас со Твојот посакуван глас, и придружи не кон оние од Твојата десна страна, и помилувај не. Амин.“

sv.spas.sud10.jpg

Во толкувањето на денешното Евангелие, професор Јован Таковски беседеше за две доаѓања на Господ Исус Христос и за двата Суда. Во првото Негово доаѓање, тивко и без слава, Тој ни ја остава Црквата за наше спасение, а со Второто доаѓање на Господ Исус Христос, кога Христос ќе дојде во сета Своја слава и со сите свети ангели, ќе не запраша, што ние сме направиле.„ Вистина ви велам, доколку сте го направиле тоа на еден од тие Мои најмали браќа, на Мене сте Ми го направиле “(Мат. 25, 40)

Тогаш ќе инм каже на оние што се од левата страна:

„Одете од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и неговите ангели.

Зашто, гладен бев и не ми дадовте да јадам;

жеден бев и не Ме напоивте;

Странец бев, и не Мме прибравте;

необлечен бев и и не ме облековте;

болен и во затвор бев и не Ме посетивте;

(Мат. 25, 41- 43)

Во толкувањето на двата суда, проф. Таковски укажа   дека  првиот суд се извршува само на душата,  веднаш по телесната смрт а во  вториот, кој уште се  нарекува општ , затоа што ќе се изврши над душата и телото, соединети при општото Вискресение и ќе им се суди на сите луѓе. Страшниот Суд се  нарекува поради тоа што ќе им се суди  и на праведниците и на грешниците. А страшен ќе биде само за грешниците. Критерумот на Судот, ќе биде нашиот однос кон блиските, односно најмалите, нашата љубов кон Бога и ближниот. Цараството небесно е подготвено за сите луѓе,  Господ   е милостив но и праведен, и по смртта нема покајание.

sv.spas.sud8.jpg

 sv.spas.sud5.jpg

sv.spas.sud6.jpg

sv.spas.sud2.jpg

sv.spas.sud3.jpg

sv.spas.sud14.jpg

Свети Лав I, папа Римски    

Роден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт и покрај неговото противење го возведоа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу Рим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архиерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од Рим. Колку што врз Атила подејствува советот на Светиот човек толку го уплаши и визијата на Светите апостоли Петар и Павле кои стоеја покрај Лав и со пламени сабји му се закануваа на Атила. Овој папа не само што го спаси Рим туку ја помогна и заштитата на Православието од Евтихиевата и Диоскоровата ерес. Таа ерес се состоеше во слевањето на Божествената и човечката природа кај Христос во една и следственото одрекување на двете волји во личноста на Спасителот. Заради ова беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто се прочита посланието на Светиот папа Лав, коешто тој прво го напиша па го положи на гробот на Св. Петар, а Св. Петар го исправи. Пред смртта четириесет дена помина во пост и молитва на гробот на апостолот Петар, молејќи го да му јави дали му се простени гревовите. Апостолот му се јави и му кажа дека сите гревови му се простени, освен гревовите на ракополагањето свештеници (во што се гледа колку тежок е гревот на недостојното ракополагање). Светителот повторно се предаде на молитва сѐ додека не беше известен дека и тие гревови му се простени. Тогаш мирно Му ја предаде душата на Господ. Свети Лав се упокои во 461 година.

Свети Флавијан - Патријарх Цариградски после Прокло. Современик на Св. папа Лав. Се бореше одлучно против Евтихиј и Диоскор, но не го дочека жив триумфот на Православието на Четвртиот Собор, зашто претходно на еден еретички собор го биеја и го газеа толку бездушно, што таму и умре. Верен војник Христов, храбар бранител и исповедник на православната вера. Се упокои во 449 година.

sv.spas.sud11.jpg sv.spas.sud12.jpg

sv.spas.sud13.jpg

sv.spas.sud14.jpg

pimen.krstevka1.jpg

Кон крајот на Светата Литургија, Митрополит  Европски г. Пимен пристигна во црква  Св. Спас во Драчево,  за да го крсти Божјото чедо Софија.

sv.spas.sud16.jpg

Друго:

Крштевка во црква Св. Спас, Скопје (02. 03. 2008г. )

Посети:2526




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Коментари (2)
1. Пратено од Stoni, на 03-03-2008 08:46
Кога би имала можност да гласувам повеќе од овде даденото, би ставила 10+
2. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 03-03-2008 11:22
Браво!

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Код:* Code
Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 4
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори

Пребарување

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Пријатели














Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

02/09/2010 - четврток

Светиот пророк Самуил;
Светиот свештеномаченик Филип, епископ Ираклиски

Православен календар за овој месец - МПЦ

Преподобен Гаврил Светогорец, епископ Велички


А и до ден денеска има значи и чудеса на неговиот гроб од каде се чувствува и благопријатна миризба низ воздухот, а по неговото упокојување во Господа, на неговиот гроб гледале светлина во вид на огнен столб. Повеќе...

Св. Теофан Затворник - „Речник на христијанскиот практичен живот“ (4дел)


Христијанството не е учење туку живот. А самото негово учење влегува во животот како одреден образ, како поглед на сè што е и станува...
Повеќе...

Старец Ефрем Филотејски - За трезвеноумието


...Преку делото на трезвеноумието се ослободувале од помислите и на тој начин страстите биле намалувани. Трезвеноумноста им ја носела чистотата на срцето...
Повеќе...

Свети Серафим Саровски- За тагата


...Душата исполнета со тага како да станува безумна и надвор од себе, па не може спокојно да прима добар совет, ниту кротко да одговара на поставените прашања. Таа бега од луѓето како од виновници за своето вознемирување, не сфаќајќи дека причината за болеста е во неа.,... Повеќе...

А. С, Бочаров, А. В. Чернишев: ПСИХОЛОГИЈА НА РОПСТВОТО


„Веројатно секој човек имал прилика да сретне луѓе коишто, откако во својата свест оформиле став дека се христијани со длабока вера и дека Му служат на Бога, почнале да постапуваат на начин кој му противречи на образот на нивните мисли, " ...
Повеќе...

Св. Игнатиј Брјанчанинов -ФАРИСЕЈ


Оној што сака да го види Христа, нека ги очисти умот и срцето со покајание! Тогаш тој ќе Го види во Евангелието, ...
Повеќе...

Арх. Рафаил Карелин - Тајната на спасението (4)


– Како да се зборува за верата
Атеизмот не се јавува како последица на научни истражувања од следните причини:...
Повеќе...

Митрополит Методиј - ПРИРОДНИТЕ СТИХИИ И ПОСЛУШАНИЕТО


Од него, од ова познание, заблеска стравот Божји, третиот и единствено балгочестив страв, кој ни се открива низ целата библиска педагогија,... Повеќе...

Митрополит г. Наум: Преданието на исихазмот во неговите догматски и аскетски основи


... Суштината на кратката молитва е во непрестајното и нерасеано пребивање на умот во Бог, во заедница со Него. ...
Повеќе...

Александар Шмеман - ХРИСТИЈАНСКА ОБНОВА


...Читајќи ја големата и се пообемна современа литература, посветена на прашањето на христијанската обнова, не можеме а, да не дојдеме до заклучок дека главниот, ако не и исклучителен критериум на таа обнова, е светот...
Повеќе...

Прoф. Ратомир Гроздановски - Господовата молитва (7)


..."И ПРОСТИ НИ ГИ ДОЛГОВИТЕ НАШИ, КАКО ШТО ИМ ГИ ПРО-ШТЕВАМЕ И НИЕ НА НАШИТЕ ДОЛЖНИЦИ"
— е петтата прозба. ...
Повеќе...

Преподобен Андреј Рубљов


... Уметноста на св.Андреј Рубљов е комбинација на две традиции: средновековниот манастирски аскетизам и класичната хармонија на византиското сликарство. Ликовите на неговите икони и фрески се секогаш спокојни...
Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...