Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Беседи arrow Митрополит г. Наум- Аскетскиот плач на митарот (17.02.2008)
Митрополит г. Наум- Аскетскиот плач на митарот (17.02.2008) Испечати Е-пошта
Индекс на прилозите
Митрополит г. Наум- Аскетскиот плач на митарот (17.02.2008)
Страница 2

 


„Два човека влегоа во храмот да се помолат: едниот фарисеј, а другиот митар.

Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе: Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: ајдуци, несправедливи, прељубодејци, или како овој митар.“

Некои велат дека сe до моментот до кој фарисеот на некој начин општо ги осудува и карактеризира луѓето како ајдуци, несправедливи и прељубодејци,  сѐ уште не може да се препознае неговата духовна состојба. И, дека од моментот кога го осудува митарот, односно конкретниот ближен, дефинитивно се препознава неговата прелест.

Јас пак, деца, ви велам дека уште веднаш, пред да го осуди конкретно присутниот митар, препознатлива е прелеста или лажната состојба на умот или високото мислење на фарисејот за себе! Ќе ме прашате, како? Од секојдневниот опит познати ни се две причини:

Прво, ја користи подочистената енергија на својот ум, односно првата светлинка на умот, за согледување на туѓите постапки и гревови и за карактеризирање на луѓето според нив (друго е да речете дека некој прељубодејствува, а друго е да речете дека е некој прељубодеец – во првиот случај само судите, а во вториот веќе и осудувате). Фарисејот го прави потешкиот грев. Мораме да сфатиме дека првата светлина е неупотреблива за согледување на туѓите гревови, дека не ѝ е дадена таква сила или продорност или својство.

И второ, „способноста“ да ги забележуваме, судиме и осудуваме туѓите постапки и грешки ја добиваме кога првата светлина на умот (во овој случај ограничена на голо знаење) ја поврзуваме со нашите страсти. Во тој момент демонот ни ги „отвора очите“ да ги гледаме грешките на другите, како и слабостите и недостатоците на нашиот духовен отец, и нѐ прелажува да ги судиме и осудуваме. Страстите кои ги забележуваме кај другите, поврзано со процесот на судење и осудување дефиниран во нашето срце, е само знак и несоборлив доказ дека истите страсти живеат во нас, а не и дека вистински постојат во другиот што го судиме и осудуваме. Дали одредена страст постои кај оној што му судиме или го осудуваме, најчесто зависи од тоа дали пројавувањето на страста го гледаме со свои очи или само слушаме од друг за тоа пројавување. Но, и во првиот случај кога гледаме со свои очи, како што велат светите Отци, не треба да сме толку сигурни, бидејќи сѐ што гледаме, гледаме преку страстите што живеат во нас, а камоли кога само слушаме од друг. Како и да е, во моментот кога судиме, не правиме ништо друго освен што истата осуда со која ги осудуваме другите ја навлекуваме на себе и отпаѓаме од Бог.

Значи, фарисејот (и тогашен и денешен), ниту ја користи првата светлина на очистената енергија на умот за согледување на сопствените гревови и наталожената валканост, ниту го има за единствен критериум во својот духовен живот Христос Бог, Кој дојде да нѐ спаси, а не да ни суди: „оти не дојдов да му судам на светот, туку светот да го спасам!“ (Јован 12, 47).

Што вели фарисејот во својата ‘молитва’ понатаму, според евангелието? „Постам двапати во седмицата, давам десеток од сѐ што добивам.“ Што би му рекле ние денес на таквиот вообичаено во ваков случај – кој со жал, кој ладно, кој со потсмев: „Пости ти сега ако сакаш надворешно и цела седмица и ако сакаш исполнувај ги надворешно и сите останати правила и типици од Законот, ама џабе ти е; дури и на очигледна штета и пропаст своја го правиш тоа...“ А што му вели Господ на таквиот, на друго место од евангелието, Кој најдобро ја познава неговата внатрешна духовна состојба која ние сега се обидовме да ја анализираме? „Слепи фарисеју, очисти ја чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор“ (Матеј 23, 26).

„А митарот стоеше оддалеку; не смееше дури ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: Боже, биди милостив кон мене грешниот!“

Кај митарот пак веднаш се забележува обратниот процес, исцелителниот. И тоа го забележуваме не само преку знаењето и опитот на нашиот разум и ум, туку и преку силата на евангелскиот пример кој редовно со умилението го облива нашето срце. Должни сме оваа состојба на нашето срце и ум постојано да ја одржуваме и да ја разгоруваме, до нејзините соборни размери.

Забележуваме неколку восогласени видови на покајно однесување кај митарот: ‘стоеше оддалеку’, ‘ни очите да ги подигне’, ‘се удираше в гради’ и ‘велеше’ - „Боже, биди милостив кон мене грешниот!“

 Што мислите, која од овие силни и взаемно поврзани пројави на покајание најповеќе ја открива неговата духовна состојба? – Аскетскиот плач по Бог, односно големиот напор да се принуди себеси на плач, односно удирањето в гради. Тоа е истиот или сличен метод кој Отците го користеле низ вековите. Тоа е истиот или сличен метод кој го препорачува и свети Игнатиј Брјанчанинов во своите дела. И тоа е истиот или сличен метод кој и до ден денес го користат и препорачуваат непосредните и посредните ученици на светиот старец Јосиф Спилеот и многу други.

Некои велат дека ваквиот начин изгледа соблазнително. Ние би им одговориле, и со збор и со дело, дека ако Господ Христос не го оценил како соблазнителен и дека ако Тој ни го препорачува, кои сме ние да умуваме вон и над Благата Вест. Севкупниот наш подвиг на степенот на очистување на срцето од страстите Отците го означиле и го опишале како аскетски – не чувствуваме, а континуирано се принудуваме; немаме отворена поддршка на благодатта, а живееме како да ја имаме!

„Ви велам, дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој што се воздига, ќе биде унижен, а кој се понизува, ќе биде воздигнат“ (Лука 18, 10-14).

            Секој што заради гордост и човечка слава се воздига самиот себеси и следувателно го осудува својот ближен, во истиот момент се унижува, предизвикувајќи отсуство на Божествената благодат во себе. А секој што заради заедница со Бог се понизува и осудува самиот себе и следувателно го оправдува својот ближен, ја привлекува Божјата несоздадена благодат и во истиот момент бива воздигнат од Бог.

Деца, знајте го уште ова: сите оние на коишто срцето не им е отворено за умно-срдечната молитва треба да знаат дека причината за тоа е судењето и осудувањето на ближниот, кое произлегува од нивното високото мислење за самите себе. Односно, произлегува од неправилниот подвиг или, со други зборови, произлегува директно од непослушанието и духовното самораководење.

Со усвојување на мислата „јас сум виновен за сè“ се отвора простор за молитвата на митарот: „Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот!“. Се раѓа чувството на покајание и плач и, воопшто, текот на мислите е сосема спротивен (самоосудување) од оној што следи после мислата дека другиот е виновен (осудување). Кога во своето срце ја прифаќаме и се согласуваме со помислата дека другиот е виновен, покажуваме и дека ни е туѓ подвигот на аскетската љубов. Оној што го љубиме, макар и аскетски, никогаш не е виновен.

Митрополит Струмички Наум

 

(според записот на сестрите)

 

 

Извор.

„НИ ЈАС НЕ ВИ КАЖУВАМ...“

Издавач:

Манастир Воведение на Пресвета Богородица Елеуса

 Библиотека „Воведение“, 2008

 

Посети:3673

 

 Преминпортал:

Почитувани, вашите коментарите на оваа беседа, повеќе нема да ги објавуваме. Ви благодариме на разбирањето.

 




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!

Е-пошта

  Коментари (27)
1. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 17-02-2008 15:07
"jas sum vinovna za se "...Dedo NAUM zivej ni...
2. Пратено од Mirjana, на 17-02-2008 15:42
Dedo Naum, moli go Gospod za mene greshnata..
3. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 17-02-2008 17:01
vaka.........ispagja deka najtezok del od pravoslavmiot zivot (podvig!!) prestavuva VERATA vo Patot na Otcite........t.e. kako da zapocneme eden samoprinuden nacin na reagiranje na iskusenijata koj ke ne doblizi do Gospod. Treba da se pobedat site neprijateli koi ni velat deka takov eden zivot vo apsolutno poslusanie i odrekuvanje od svojata volja ke zavrsi bez blagodat, vo licemerie (i gubitok na nasata golema licnost!!), covekougodnistvo. izvestacenost (zaradi toa sto ne se cuvstvuvame taka). No, gledajki gi (malkute) svetlite primeri okolu nas i sledejki ja mislata (i zivotot) na Otcite bi trebalo da slozime deka e mozno da se premosti toj jaz (pomegju poznanieto na umot i resenosta na srceto!!)pa pocnuvajki od asketskiot plac na mitarot da ne ostaneme zasekogas na nego.........
4. Пратено од vesna, на 17-02-2008 18:27
neprijatelite postojano potsetuvat na site dijagnozi i bolesti sto gi imame, a svetlite primeri ako se malku - tuka se:) umno-srdecnata molitva izgleda krvavo se dobiva...
5. Пратено од Оти, на 17-02-2008 18:57
Светите Отци велат: пролеј крв [заради Христос], прими Дух [Свети]...
6. Пратено од od Stojna, на 17-02-2008 19:42
...a mojot zhivot e vechno pagjanje, se da se sobere poraz kje ostane-naviki stari vo mene. se nadevam, toa ne kje ostane...
7. Пратено од Драган Михајловиќ, на 17-02-2008 21:10
Дали искреното, длабоко покајание, коешто човекот го диживува во еден миг од животот, проследено со исто толку искрено спознание за својата беда, е доволна Бог да н`е смета за митари каков што е оној од проповедта? Дали по таквото покајание човек може да се надева на Божјата милост и да се радува во Христа, или и понатаму треба да биде постојано очаен поради својата гревовност: Или е потребна некоја „златна средина“, во стилот на пораката што му била упатена на старецот Силуан: Држи го умот во адот и не очајувај?
8. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 17-02-2008 22:57
mozebi asketskiot plac ako dovolno i pravilno potrae i se neguva ke bide uslisen.t.e. ke stane blagodaten i nema da trpi poveke golemi oscilacii? 
Ako stane blagodaten togas prirodno bi trebalo da bide izlecen od sekoj strav ili ocajanie?
9. Пратено од nadezh, на 17-02-2008 23:35
..a bev reshena da prestanam so plachenje, taa sujeta od sekade izvire :upset
10. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 18-02-2008 00:15
otsustvoto na plachot za vreme na molitvata e znak deka chovek nema pokajanie (ili e nedovolno)ili mozhe da odi ednoto bez drugoto?tolku e teshko da se zadrzhi toj asketski plach postojano
11. Пратено од дедо, на 18-02-2008 00:19
„Секој што заради гордост и човечка слава се воздига самиот себеси и следувателно го осудува својот ближен, во истиот момент се унижува, предизвикувајќи отсуство на Божествената благодат во себе. А секој што заради заедница со Бог се понизува и осудува самиот себе и следувателно го оправдува својот ближен, ја привлекува Божјата несоздадена благодат и во истиот момент бива воздигнат од Бог.“  
 
P.S. Никогаш Крстот не е без Воскресение! Никогаш молитвата кон Бог не е без одговор! Никогаш тагата по Бог не е без радост! Никогаш плачот по Бог не е без утеха! Страдањето, молитвата, тагата и плачот по Бог се истовремено сведоштво на присуството на Божјата благодат во нас, сведоштво на нашата лична заедница со Него. Што друго ни треба?
12. Пратено од vesna, на 18-02-2008 01:03
nishto, Otec, lekarstvata deluvat, ranite ke pominat...prosti
13. Пратено од Сестра Авигеја, на 18-02-2008 02:50
Овие извадоци ги најдов кај свети Игнатиј Брјанчанинов, мислам дека можат да помогнат: 
 
„При молитвата за дар на солзи, неопходен е и сопствен напор да се пролеат. Сопствениот напор и труд им претходат на солзите и ги следат. Трудот што им претходи на солзите се состои во благоразумното воздржување од јадење и пиење, во благоразумното бдение, во нестекнувањето, во одвлекувањето на вниманието од сето она што нè окружува и негово сосредоточување на самиот себе. Свети Јован Лествичник рекол во Словото за плачот: „Покајанието е доброволно себелишување од секаква телесна утеха”. 
Трудот при самиот плач и излевањето на солзите се состои во присилувањето на плач, во великодушното поднесување на сушата и бездождието, од кои е оптоварен понекогаш блажениот подвиг, но после кои трпеливиот подвижник секогаш се наградува со обилен излив на солзи.“
14. Пратено од Сестра Авигеја, на 18-02-2008 02:58
„Подвигот на плачот, бидејќи неразделен од подвигот на молитва, ги бара истите оние услови на успех кои се потребни и за молитвата. На молитвата и‘ треба трпелив, постојан престој во неа. Истото тоа му треба и на плачот. Нејзе и‘ треба умор на телото, таа го изнемоштува телото. И плачот го изнемоштува, зашто за да се роди му треба напор и умор на телото. 
Присилата и трудот треба да се во сразмерност со нашите телесни сили. 
Впрочем, и при слаб телесен состав и здравје, неопходна е некоја присила, по мера на силите. 
Секое духовно делување, бидејќи дар Божји во нас, неизоставно бара наше самоприсилување: зашто присилата е дејствително пројавување и сведоштво на нашата добра волја. Присилата е особено нужна тогаш кога поради паднатата природа или поради злото делување на бесовите, во нас се пројавува некаков гревовен стремеж или немир. Тогаш е неопходно плачните зборови на молитвата да се кажат малку гласно… Oсобено на почетокот на подвигот, уште пред да се стекне плач на духот, зборовите на молитвата треба да се изговараат со плачен глас, за душата која заспала во смртен сон од гревовно пијанство, да се разбуди на гласот од плачот, и сама да го доживее чувството на плач.“ (Свети Игнатиј Брјанчанинов)
15. Пратено од Сестра Авигеја, на 18-02-2008 03:04
„Дарот на плач и солзи е еден од најголемите дарови Божји. Тоа е дар што ни е суштински потребен за нашето спасение. Даровите на пророштво, прозорливост, чудотворење, се знаци на особено благоугодување на Бога и на Божјо благоволение, а дарот на умиление и солзи е знак на веќе прифатено покајание или на покајание кое се усвојува. 
Маките и болките на покајанието содржат во себе семе на утеха и исцеление. Таа тајна преку плач му се открива на покајникот. Сите монаси кои се очистиле од гревовите, се очистиле преку плач, и сите оние кои достигнале христијанско совршенство, го достигнале со плач. 
Нема, пријатели мои, кога душата ќе го напушти телото, да бидеме обвинети заради тоа што не сме биле чудотворци, што не сме биле богослови и не сме имале духовни виденија, но неизоставно ќе одговараме пред Бога за тоа што не сме плачеле непрестајно, т.е. што не сме престојувале во постојана спасителна тага заради нашите гревови и нашата гревовност.“ (Свети Игнатиј Брјанчанинов)


 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 41
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >
Premin Portal on Facebook

Online разговори



ON LINE на Премин Портал
отец Игор Калпаковски
Преглед на разговор од 22.12.2009


ON LINE на Премин Портал
Митрополит Европски г. Пимен
Преглед на разговор од 04.08.2009

Пребарување

Фотопрезентација - МОЈА ВИЗУРА

НАГРАДЕНИ УЧЕСНИЦИ

Помош за Бигорскиот манастир


Сите што сакаат да се вклучат во возобновувањето на Бигорскиот манастир и да се вложат себеси како жив камен во живата Црква, можат да донираат на следните жиро-сметки:
Повеќе...

RSS Канали

rss_ikona.jpgПретплатете се на некои од следните RSS Линкови:

07.png Вести
07.png Полезно и потребно
07.png Колумни
07.png Наука и религија
07.png Одговори на Вашите прашања
07.png Беседи
07.png Поуки од Светите Отци




сподели ја оваа објава
Google! Facebook! Technorati! StumbleUpon! MySpace! Yahoo!