Skip to content
Премин Портал: Дома
Која молитва се користи кога се молиме со бројаница? Испечати Е-пошта

o.partenij24.jpg

 Одговара:  Бигорска обител



Прашање: Која молитва се користат кога се молиме со бројаница? (Име: Мира, Ивана)

ОДГОВОР: Молитвата кажана со помош на бројаница е еден од најстарите начини на молитва, што посебно ја  негуваат православните монаси. Бројаниците имаат свое значење. Обично тие се прават во црна боја, а со тоа не потсетуваат иа сериозен живот во постојано покајание за нашите гревови. Тие се прават од чиста овча волна, што не потсетува дека сме словесни (разумни) овци на Добриот Пастир, Господ Исус Хритос, Кој, и самиот како Јагне Господово пострада заради нас и не избави од вечната смрт.
Бројаниците се прават со различен број на јазли. Така, најмалата е составена од 33 јазли, додека поголемите: од 50,100 или 300 јазли. Според едно старо предане, некој монах сакал да направи волнена бројаница за да би ги одбројувал своите молитви, но ѓаволот секогаш му ги одврзувал направените јазли. Еднаш му се јавил ангел Господов и го научил да плете јазли, што се состоеле од по седум исплетени крстови. Таквиот јазол е еден од најсложените во светот. Вака направената бројаница ѓаволот не можел да ја расплете,

КАКО ДА СЕ МОЛИМЕ СО ПОМОШ НА БРОЈАНИИЦА

Освен молитвите што се наоѓат во молитвеникот и се читаат во одредено време од денот, Црквата Хрисгова благословува верниците своите молитви да можат да ги дополнат или заменат со кратки молитви што почесто се повторуваат.
Како треба да ја започиеме нашата молитва? Собирајќи ги своите мисли од лутање, со левата рака ја држиме бројаницата а со
палецот и показалецот ја одбројуваме секоја кажана молитва со по еден јазол. 
Највообичаена молитва, која се кажува "на бројаница" е таканаречената ИСУСОВА МОЛТВА која гласи: ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ, СИНЕ БОЖЈИ ПОМИЛУЈ МЕ ГРШНИОТ! или во скратена форма: ГОСПОДЕ ИСУСЕ ХРИСТЕ, ПОМИЛУЈ МЕ!

Со благослов на игуменот на Света Бигорска обител

Архимандрит Партениј

(повеќе)


Е-пошта

  Коментари (1)
1. Пратено од MARINA, на 26-08-2008 02:20
ZOSTO NA MOJATA BROJANICA IMA 31 JAZOLCE? KIPENA E OD CRKVATA SPROTI MANU. DALI E TOA NESTO LOSO? STO SE PRAVI SO NIV KOGA KE SE SKINAT? DALI MISLITE DEKA E ISPRAVNO ZENITE DA VLEGUVAAT VO CRKVITE OBLECENI VO PROVOKATIVNA OBLEKA? ILI PAK DA SE NOSI KRST KOJ PAGA VO DEKOLTETO? KOLKU SE SONOVITE PRIFATENI D BIBLIJATA KAKO PREDZNAK ILI NE SE? BLAGODARAM

Внеси коментар
  • Ве молиме внесениот коментар нека се однесува на објавата.
  • Коментарите со лични вербални напади нема да бидат објавени.
  • Не користите коментари за рекламирање на вашата страна. Истите ќе бидат избришани.
  • Само кликнете на *Refresh* копчето од вашиот прелистувач за нов безбедносен код.
Име:
E-mail
BBCode:Web AddressEmail AddressBold TextItalic TextUnderlined TextQuoteCodeOpen ListList ItemClose List
Коментар:



Сакам да бидам известен/а по email за коментарите на оваа објава

 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 4
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели