Skip to content
Премин Портал: Дома arrow Духовност arrow Беседи arrow СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА (15.02.2008)
СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА (15.02.2008) Испечати Е-пошта
Индекс на прилозите
СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА (15.02.2008)
Страница 2

            


Митрополит Струмички Наум
naum.sredenie.jpg

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети – да исполнува ниту едно правило или обичај од старозаветниот Закон. Ниту имаше потреба од обрезание во осмиот ден, ниту од претставување пред Бог во храмот на четириесеттиот ден, ниту од принесување на жртви за очистување, ниту од послушност кон родителите, ниту од што било кое според Законот требаше да се исполнува.

Но, зошто да зборуваме за старозаветниот Закон? Па, Он лично немаше потреба ниту од Крштение, ниту од Преображение, ниту од Тајната вечера, ниту од Распетие, ниту од смрт и Погребение, ниту од тридневно Воскресение, ниту од Вознесение! И природно, логички се наметнува прашањето: зошто тогаш се случува целата оваа Божествена Икономија (Домострој), оваа Божествена интервенција меѓу луѓето во светот и времето? Одговорот е ист како што читаме и во Симболот на верата: „заради нас и нашето спасение“...! Од љубов сме создадени и од љубов, после падот, сме спасени.

Последиците од падот, во човековата природа, не би можеле да се исцелат доколку таа не стана и природа на Синот Божји и доколку на тој начин не го помина целиот човеков животен пат од раѓањето, преку страдањето, до самата смрт и воскресение. Богочовекот Христос и самата смрт ја посвои за да ја уништи со Своето Воскресение. Но, Христос ги презеде само непропадливите (нетрулежните) страсти на човековата природа, последици од Адамовиот грев и пад: гладот, жедта, заморот, напорот, страдањата, солзите, стравот пред смртта и самата смрт и сите останати кои по природа им припаѓаат на сите луѓе. Богочовекот зеде сè освен гревот, односно подложноста на грев.

Отец Јован Маендорф, согласно свети Леонтиј Ерусалимски, вели: „Предвечниот Логос е субјектот [на кое било страдање и] на смртта Христова, зашто во Христос нема друг личен субјект освен Логосот – единствено ‘некој’ може да умре, а не ‘нешто’ или природа или плот.“ Синот и Логосот Божји е субјект на страдањата, но своеволно, а не заради самата страдалност на човечката природа. Овој персонален аспект на православната Христологија секогаш треба посебно да се нагласи.

Затоа, Богочовекот Христос е Тој Кој нè спасува, пред сè со Својата Личност, како Богочовек, и како таков, со сите Негови богочовечки и спасоносни дела и случувања од Неговиот живот: со раѓањето, со крштението, со преобразувањето, со распнувањето, со смртта, со воскресението, со вознесението и испраќањето и своеволното слегување на Светиот Дух Господ; и со основањето на новозаветната Црква како Тело Христово.

            Како што вели светилникот на Православието, свети Григориј Палама: „Човечката природа на Исус во ипостасна смисла е едно со Логосот, и во неа божествените енергии, кои го имаат Логосот за свој извор, проникнуваат во создадената природа и ја обожуваат.“ И, како што научивме пак од овој свет Отец, ова соединување според Ипостас и ваквото обожение на човечката природа на Исус Христос им станува извор на божествениот живот и обожението на сите оние што се во Него, на сите оние што се во Црквата и што живеат во нејзините свети Тајни и со нејзините свети добродетели.

            Читав негде одамна кај авва Јустин Ќелиски – ако добро се сеќавам, дека ние православните Христијани сме Христос продолжен низ сите векови, дека Христос го живее нашиот живот и дека ние го живееме Неговиот живот. Среќавајќи се постојано во нашиот живот со Тајната Христос и живеејќи ја таа Тајна, забележуваме дека Богочовекот Христос преку Својот живот нѐ води и ни ги покажува трите степени на духовниот развој. Низ нив, нормално, ние треба да поминеме, а не дека Он ги поминувал.

Од Своето Зачнување и Рождество па сѐ до Своето Крштение ни го покажува степенот на очистување на срцето од страстите. И што уште ни покажува? Ни покажува многу јасно и силно дека ако сакаме правилно и без пречки да го поминеме и надминеме овој степен, не ќе можеме на друг начин освен, главно, преку апсолутно послушание на својот духовен отец. Гледајте Го Христос, Кој иако Бог, колку до совршенство им е послушен на Својата Мајка и на Праведниот Јосиф како и на правилата на Законот, и тоа до Својата триесетта година. Што да кажам за нас денеска кои доаѓаме во манастир и како да немаме појма што ни се случува, а камоли нашиот ум доброволно да го предадеме во потчинетост односно под духовно раководство на нашиот духовен отец?! После сакаме умносрдечна молитва и високи духовни дострели? Како да не, утре сабајле...! Башка што сме во прелест дека нешто знаеме и дека имаме некаква просветленост. Башка што цело време духовно се самораководиме, па уште сакаме и други да раководиме... А за композицијата од прелести што потоа се налепува сега немам ни време ни место да зборувам. Ги гледаме сегде околу нас...

Од Своето Крштение па до Своето Погребение Христос ни го покажува степенот на просветлување на умот. И што уште ни покажува? Ни покажува многу јасно и силно дека ако сакаме правилно и без пречки да го поминеме и надминеме овој степен, не ќе можеме на друг начин освен, главно, преку многустрадалната љубов кон непријателите и преку секојдневно повеќечасовно погребување на нашиот ум во длабочините на нашето срце.

Од Своето Воскресение па сѐ до Своето Вознесение ни го покажува степенот на обожение на нашата личност, и на душата и на телото. И што уште ни покажува? Не знам, ќе видиме...

Деца, на нас останува да покажеме дали сакаме Христос да Го сретнеме и примиме во нашите прегратки на крајот од нашиот живот; или, сакаме да Го сретнеме и примиме во прегратките на нашето срце уште во нашата младост, како извор на непоматена радост, светлина и сила; или, сакаме како Апостолот со неизглаголива радост да воскликнеме: „и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме засака и Себеси се предаде за мене“ (Гал. 2, 20)...

(според записот на сестрите)

                                                                                                                                       Посети:1559


Е-пошта

  Коментари (26)
1. Пратено од od utre sabajle, на 15-02-2008 18:37
uff, bre dedo Naum, shto ti trebashe ova...
2. Пратено од od Petar, на 15-02-2008 19:10
Odi si od mene, Gospodi, oti sum chovek greshen :sigh
3. Пратено од Stavre, на 15-02-2008 19:18
Petar, ti toa od pokajanie go rece ili od linja na pomal otpor!? :roll..Ч)
4. Пратено од od Petar, на 15-02-2008 19:26
a be jas sum stvarno chovek greshen :sigh
5. Пратено од дедо, на 15-02-2008 22:50
Што ми требаше? 
А бе, барам една изгубена овца... или повеќе... или, не... :)
6. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 15-02-2008 23:59
Se se vrti okolu Hristos,zatoa shto Toj saka da ne sobere kako kokoshkata pilinjata svoi,za da bideme Edno, i togash boli zashto ne sme celi,t.e ne sme so site,a so Nego bidejki ne ziveeme nie, no Toj, e polesno. Pozdrav! :) ~+~
7. Пратено од Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , на 16-02-2008 00:50
Луѓе!  
Браќа, убаво е да се размислува за спасението на душата и тоа е многу духо полезно, но би ве замолил да помогнете за еден поинаков тип на борба, борба за која мислам дека треба сите да застанеме. Имено на македонскиот блогерај веќе подолго време се чансира ново толкување на библијата, кое толкување е исполнето со многу вулгарности кон Нашиот Бог, неможам да седам со скрстени раце и да гледам како тоа континуирано се прави од страна на професорката Мирјана Најчевска, дотолку полошо што ни таа самат не е свесна за гревот што го прави како и тоа што се повеќе и повеќе се здобива со истомисленици. Претпоставувам дека некој од клириците ја следи ваквата девијантна и богохулничка постапка, но никако не ми е јасен молкот од нивна страна. 
Се надевам дека позитивно ќе одговорите на повикот за престан на хулење на нашиот Бог! 
Поздрав до дедо Наум, навистина Дедо многу ми користат беседите ќе бидам радосен ако продолжете!Се надевам дека ќе наидам на одобрување на мојот повик, ако пак грешам во постапката укорете ме!
8. Пратено од od ovcite, на 16-02-2008 12:19
pridite poklonimsja i pripadem ko Hristu...
9. Пратено од od zagubena ovca, на 16-02-2008 16:02
e pa, dedo Naum,shtotuku si najde edna. kje me strizhesh ili kje mi dadesh da jadam? :)
10. Пратено од koza, на 16-02-2008 16:13
dedo Naum, primash li kozi vo svoeto trlo? sakam da bidam ovca :sigh
11. Пратено од Jana, на 16-02-2008 16:43
Госпоѓи „Кози„, Вие да не имате завршено Филозовски факултет?
12. Пратено од адонај, на 16-02-2008 16:45
Ја прочитал ли некој книгата на свештеник Владимир Соколов "Младостарчеството и православната традиција"? Или пак да слушнал за неа некој.Таму многу добро се опишани нашиве "духовни отци" кои во секој еден поглед изложен таму ги препознаваме ваму.Дедо не е упатено кон тебе,баш напротив,туку кон оние кои што ќе се препознаат...
13. Пратено од Jana, на 16-02-2008 16:56
Ме заинтересира Адонај. дали си во можност да ни пратиш извадок од неговата книга( некои скромни 2-13 страни! :) )?
14. Пратено од адонај, на 16-02-2008 17:04
Па ќе треба малку да преведувам но ќе се обидам да го извадам поглавното и она кое ќе не натера да се замислиме малко.Но ќе ми треба малку време,се надевам не се брзаш. :)
15. Пратено од Jana, на 16-02-2008 18:03
Неее! :)  
Ќе се скротам, ќе чекаме...само ти преведи! :zzz


 
Оцена од корисниците: / број на гласови: 18
од 1 до 5  
< Претходно   Следно >

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели