логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

НЕДЕЛА НА СВЕТА ПЕДЕСЕТНИЦА

Обично стихословие (катизми).
На Господи, повикав, земаме 10 стиха, и пееме 3 стихири самогласни од Малата вечерна, повторувајќи ја првата. Потоа пет стихири, глас 2, повторувајќи ја првата. Глас 1:

Да ја празнуваме Педесетницата, и слегувањето на Светиот Дух, и исполнувањето на ветувањето, и остварувањето на надежта – тајната која е голема и чесна. Затоа Ти викаме: Создателу на вселената, Господи, слава Ти. (двапати)

Повеќе...

Кожувчанка

Молитви за лекување и исцелување

Господи, Ти си Извор на Животот. Испрати ми ја животворната сила на Духот да ми го излекува умот, душата, волјата и телото. Дарувај ми исцеление од сите психички и физички слабости и страдања. Дарувај ми здравје, сила и живот, младост и убавина и да се развијат во мене благодатните дарови и способности да можам да живеам, да се учам и да Ти служам.

Господи, помогни ми во овој тежок час да се ослободам од болеста за да Ти служам со радост. Сакам да го посветам животот во служба на Твојата Љубов, на исполнувањето на Твојата Волја.

Повеќе...

 

 
ПРАШАЊА И КРАТКИ ОДГОВОРИ ЗА ВЕРАТА И ЗА СÈ ДРУГО ШТО ТРЕБА НЕОПХОДНО ДА ГО ЗНАЕ ХРИСТИЈАНИНОТ



       Прашање: Што е Символот?
       Одговор: Символот е исповедание на светата пра- вославна вера.


       П. Од кој јазик потекнува зборот Символ?
       О. Од грчкиот.

       П. Како би го кажале на славјански?
       О. Кратко изложение на православната вера или - исповедување на верата.

       П. Каде е Символот напишан?
       О. Во книгите на Светите Отци и во Часословот.      

       П. Чиј е Символот?
       О. Никејски и константинополски.

       П.  Зошто Символот се нарекува никејски и кон- стантинополски?      
       О.  Затоа што беше составен на двата вселенски собора, т. е. првиот - Никејскиот  и на Константино-полскиот, којшто се одржа по Никејскиот. 

       П.  Како започнува символот?
       О.  В е р у в а м  в о единствениот Бог Отец, Седржител итн.
      

       П.  На колку членови се дели Символот?
       О.  На дванаесет.

       П.  Кажи ми ги сите членови посебно?
       О.  Од Првиот собор:
       а) Верувам во единствениот Бог Отец, Седржител, Творец  на  небото  и на земјата и на сè видливо и невидливо;
       б) и во единствениот Господ Исус Христос, Син Божји, единороден,  Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина, вистински Бог од Бога, вистински, роден, нестворен, единосуштен на Оца, преку Кого сèèè станало;
       в) Кој, заради нас луѓето и заради нашето спасе- ние, слезе од небото и се овоплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;
       г) и беше распнат заради нас во времето на понтискиот Пилат и страдаше и беше погребан;
       д) и воскресна во третиот ден, според Писмото.
       ѓ) и се вознесе на небо и седна оддесно на Отецот;
      е) и пак ќе дојде со слава да им суди на живите и  мртвите и Неговото царство не ќе има крај;
       Вториот  собор:
       ж) и во Светиот Дух, Господ, што дава живот, Кој излегува од Отецот, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот и Кој говорел преку пророците;
       з) во едната, света, соборна и апостолска Црква;
       ѕ) исповедувам едно крштение за опростување на гревовите;
       и) го чекам воскресението на мртвите;
       ј) и животот на идниот век. Амин.

       ПКажи ми што подразбираш и во што веруваш во секој од тие членови?

       О.  Во првиот - верувам, дека Единствениот Бог Седржител е Создателот на сите видливи и невидливи созданија, дека е Отец и Промислител на сè и дека Тој, со својата сесилна заповед и волја, од ништо го создал небото и сета убавина и ангелите, земјата со луѓето и животните, и сèèè понатака во своето време, и сето тоа го одржува.
       Во вториот - верувам, дека Спасителот наш Исус Христос, Синот Божји Единороден, од Отецот, пред сите векови е роден, на неизречлив начин, суштест- вено и бестрасно, како што Светлината се раѓа од Светлина.
      Во третиот - верувам, дека вистинскиот Син Божји,  едносуштен и  рамночесен  на Отецот,  поради спасе- нието на  човечкиот род, осуден на пеколот - во обла- ста  на   сатаната,   поради   Адамовиот   пад,  слезе  од  небото и прими плот човечка, разумна и одушевена, а не без душа и не привидна, во утробата  на  Марија, од Нејзината девствена  крв по Светиот Дух. Верувам дека Господ Исус Христос е совршен Бог и совршен човек, којшто се состои од  разумна душа и  човечка плот и дека тој е Еднороден Син Божји, а не два  синови; една Синовска Божја Ипостас, којашто обитава во две природи, родена по Божеството  од  Отецот  пред  сите векови, а  по  човештво од  Дева  Богородица   во свое време.
       Во четвртиот - верувам дека нашиот Спасител -  Господ Исус Христос, поради својата неискажлива љу- бов кон Своето создание - човекот, вистински, а не  привидно, претрпе доброволни страданија, маченија и распетие, и погребение, не по Божеството, туку по своето човештво.
       Во петтиот - верувам, дека Спасителот наш Гос- под Исус Христос, со тоа тело што го прими во утробата на Дева Богородица и со коешто пострадал и умрел, дека воскреснал во третиот ден со семоќната Божествена сила, како што претскажаа и пророшт- вата.
       Во шестиот - верувам дека Спасителот наш Гос- спод  Исус  Христос,  по четириесетдневно дружење со своите ученици, со силата на своето Божество, се вознесе на небо со својата плот и седна оддесно на Отецот како Бог рамночесен и единосуштен на Него.
       Во седмиот - верувам, дека нашиот Спасител ќе  биде Највишиот Судија  на  живите и мртвите, на пра- ведните и грешните: и тоа со тоа тело коешто го прими од Дева Богородица, со коешто пострада, беше  погребан  и воскресна и се вознесе, ќе дојде на земјата со сите ангели и со голема слава, и дека на секого ќе му даде според неговите  дела;  и  дека  на  неговото царство, коешто  потоа ќе го добијат праведните  како наследство, ќе му нема крај.
       Во осмиот - верувам, дека Светиот Дух е совршен Бог, единосуштен на Отецот и Синот, дека исходува од Оца, и дека еднакво треба да му се поклонуваме и да го славиме како Отецот и Синот.
       Во деветтиот - верувам дека една е Светата собо- рна и апостолска Црква, којашто е утврдена со крвта и учењето Христово - со учењето на апостолите и Светите Оци, со страданијата на мачениците, и која ниту вратите на пеколот не ќе можат да ја разурнат, којашто се држи на источното православно исповеда- ние и се раководи по светите закони.
       Во десеттиот - верувам, дека оној којшто не ќе се крсти не ќе биде спасен, зашто тајната на крштението е врата на Божјата благодат, зашто, ако не сме крсте-ни, тогаш ни крвта на Синот Божји нема да ни донесе корист; ако пак се крстиме, стекнуваме напуштање на гревовите, вечно спасение, постануваме соделители на заслугите Христови, на Синот Божји, се обврзуваме на сите христијански закони, особено на благотворното причестување со Телото и Крвта Христови во вид на леб и вино.
       Во  единаесеттиот - верувам, дека со телата што сме ги примиле и кои што се создадени од Бога, и со коишто живееме во светот, ќе воскреснеме поради гласот Божји, во последното време, и дека според нашите дела ќе примиме, или живот вечен, или вечна мака.
     Во дванаесеттиот - верувам, дека небеското цар- ство  и  пеколот  се бескрајни, и дека по воскресение-то од мртвите, на судниот ден, ќе добиеме, или  вечен  живот - во  блаженство  со  Бога,  или маки со ѓаволоот.  

       П.  Колку Символи има?
       О.  Два: а) Никејско-константинополски и б) од свети Атанасиј, Патријархот александриски.

       П. Зошто Символот се вика Никејско-константинополски?
       О.  Затоа што Константинополскиот собор ја у врди никејската вера и го дополнил Символот, како што рековме погоре, со членовите за Светиот Дух, за Црквата и другите.

       ПКој е автор на Символот?
       О.  Светите Отци собрани од Светиот Дух на все- ленските собори: на првиот во Никеја и на вториот во Константинопол.

       П.  Кои се Светите Отци?      
       О.  Патријарсите, архиереите и другите коишто се утврдени во православното учење и православните учители.

       П.  Како и каде биле свикувани Соборите?
       О.  По совет на Светите Оци, по наредба и со помош на благочестивите цареви, поради надој- дените важни црковни потреби,  во грчките области.

       П.  Какви архиереи имаше во тоа време? Руски или од други краишта?
       О.  Грчки, римски и други.

       П.  Зошто немаше и руски архиереи кога и тие се православни?
       О.  Затоа што во тоа време Русија сè уште не беше просветена со светото крштение, туку беше во темнината на идолослужението сè до рамноапостол- ниот кнез Владимир, којшто со својот пример и грижа ја засади и ја распространи верата во Русија во 988 година од Р.Х. , а во 6497. од создавањето на светот.

       П. Зошто Соборите се нарекуваат вселенски? 
       О.  Затоа што тие беа составени од архиереи собрани од сета вселена, прифатени од вселенската христијанска Црква, свикани од благочестивите вселенски цареви.


СВЕТИ ДИМИТРИЕ РОСТОВСКИ

ПРАШАЊА И КРАТКИ ОДГОВОРИ ЗА ВЕРАТА И ЗА СÈ ДРУГО ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ ХРИСТИЈАНИНОТ

 

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Митрополит Дебарско-кичевски
Г. Г. Тимотеј

Издава
Издавачка установа  К а н е о “ при Дебарско-кичевска епархија - Охрид

Уредник и превод: Диме Кочовски, протојереј

Лектура: Д-р Стојан Ристески

О Х Р И Д
1995

Нацрт на корицата: Драган Ристески
Печати: Полар - Охрид
Тираж: 2000 егзамплари

СОДРЖИНА
Симболот                   5
Вселенските собори                11
За Светата Троица                17
Кој е Христос                 21
За ангелите                 26
       За светлоносецот
Зошто Синот Божји е наречен Христос              28
За Елеон и вознесението                31
За Светиот Дух                 32
За небеската награда                33
За светата Црква                34
Божјиот лик во човекот                35
Претставувањето на Бога               37
Посредници меѓу човекот и Бога               38
За овоплотувањето на Синот Божји              39
Што значи Саваот                39
Што значи Исус Христос               40
На што се утврдува верата               42
За книгите на Стариот и Новиот завет              42
Зошто се нарекуваш христијанин               43
Својства Божји                 43
За Божјите заповеди                44
За светите тајни                 46
Тајната на светото крштение               47
Тајната на светото миропомазание              50
Тајната на светата евхаристија               51
Тајната свештенство                53
Тајната на светото покајание               55
Тајната брак                 58
Тајната елеосветување                59
За добродетелите                61
За гревовите                 61
65

ПРЕДГОВОР
       Свети Димитрие Ростовски (крстено име: Данило) е роден во Макрово, близу до Киев во 1651 година, во благочестиво и побожно семејство. Уште од мал бил воспитуван на побожност и христијан- ска добродетелност од својата мајка. Поттикнат од мајчиното воспитување, го посетувал братското  училиште во Киев. Во текот на школувањето дош- ла до израз неговата надареност. Се замонашил на 18-годишна возраст, земајќи го монашкото име Димитрие.
        Како монах, сесрдно се оддал на духовниот подвиг, минувајќи го времето во молитви, пост и читање на духовна литература. Во 1681 година е избран за игумен на Максаковскиот преображенски манастир,  во 1682 година на Крупицкиот манастир во градот Батурин, а во 1684 година оди во Киевската Ларва. Тука работи околу 20 години на составување и исправување на житија на светии. За митрополит Ростовски и Јарославски е поставен во 1702 година.
       Како раководител на Ростовската митрополија, свети Димитрие се истакна како голем проповедник и неуморен трудбеник за спасение на поверените души. Со цел да ја издигне духовно и морално својата паства, тогаш ги состави книгите: За Божјиот образ и подобие во човекот, Испитување на Брин- ската вера, Летопис и други.
     
       Спрема неволните и сиромашните свети Димитрие беше толку дарежлив што не остави ништо  по својата смрт, дури ни средства за неговиот погреб. Почина во 1709 година во 58. година од својот земен живот.
       На 21. Х 1752 година беа откриени неговите   мошти, кои за чудо беа неиструлени. Од тогаш тие постанаа извор на чуда.
       Собраните дела на свети Димитрие Ростовски се издадени во пет томови во 1827 година. Едно од најпознатите негови дела е и книгата Духовниот азбучник. Таа е духовен бунт против грешната телесна желба и врзаноста кон минливото.
       Оваа мала книшка што ви ја претставуваме, Кратки прашања и одговори..., претставува интересен и привлечен мал катехизис, вистинска инфор- мација за Бога, за Црквата и верата. На нашиот верник, веруваме, корисно ќе му послужи да ги освежи основните знаења за верата. По нејзиното прочиту вање секој ќе посака верските поуки што ни ги дава светителот Ростовски да ги примени во својот жи вот и да се приближи да светата Црква и Бога.
Преведувачот


ЦИП  -  Каталогизација  во публикација
Народна  и  универзитетска  библиотека
„Климент  Охридски“  ,  Скопје
22/28 .01
ДИМИТРИ´´ Ростовскии ,  свÔтои
         Прашања  и  кратки  одговори  за  верата  и
за  сè  друго  што  треба  да  го  знае  христијанинот
/  Свети  Димитрие  Ростовски  ;
Ш уредник  и превод  Диме Кочовски Ќ .  -  Охрид  :
„Канео“  при Дебарско-кичевска епархија ,
1995 .  -  66  стр .  ;  17  см

 Постави прашање

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2231
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2237
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 694
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Наука и Култура

Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…
Ноември 01, 2025
SimeonStefkovski.LJubanci

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост, гнев, страв, завист, омраза, гордост, лажење и алчност. Тоа се чувства заради кои боледуваат – и духот, и душата, и телото – а нивниот крај секогаш е тажен, истоштувачки и…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2413
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 2547
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 1173
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

И покрај својата огромна големина, слоновите се плашат да не направат штета

Окт 01, 2025 Друго од култура 1383
TviTER968
Кога слон треба да се превезе со авион од една земја во друга – неговата кафезна кутија е…

Беседи

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

« »

Сè што е соединето со Бог, спасено е

Whatever is united to God, it is saved

Православен календар

 

09/06/2026 - вторник

Петровденски пости; (на масло)

Св. свештеномаченик Терапонт, епископ Сардиски; Св. маченици Теодора и Дидим; Св. Давид Гареџиски; Св. Јован Руски ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная