Skip to content
Премин Портал: Дома
Од Православен молитвеник

bogorodica.k.dol.jpg

Молитва на преподобен Филарет Митрополит Московски, чудотворец

Господи, дај ми мирно да го примам она што денов денешен ми го носи и целосно да и се предадам на Твојата Света волја.
Упати ме и помогни ми во секој миг од денов: каков било глас да добијам, научи ме мирно и со цврста вера да восприемам дека се е по Твојата Света волја.

 

    Повеќе...  

 

Чудата на Пресвета Богородица (XVIII дел)

bogorodica.k.dol.jpgПРАВИЛО ОД СВЕТИОТ СЕДМИ ВСЕЛЕНСКИ СОБОР

...Оној што не верува со чиста еднодушност и со сето свое срце во Спасителот, нашиот Бог и во пречистата Негова Мајка, Владичица и наша Богородица, како и во сите светии, а ги отфрла и не ги прима прекрасните чуда што се посведочени со премудри докази или по свој разум ги толкува поинаку, да биде проклет.

    Повеќе...  

 

Фрескопис

bogorodica.k.dol.jpg

Фрескописување на  Марковиот  манастир на Светиот Великомаченик Димитриј  (скопско)

Фрескописување на парклисот

Фрескописување надвор од олтарот  

 

Предавања во црковните општини на МПЦ во Пула и Ријека (04.09.2008)
Pula.vero1.jpg
На 24. август и на 28. август 2008 во црковните општини на Европската Епархија на Македонската Православна Црква во градовите Пула и Ријека (Република Хрватска) беа одржани предавања на тема „Македонското православно христијанство денес“....

Оставете Ваш коментар | Е-пошта

Повеќе...
 
Групно крштевање на Матка
На 31.08.2008 година, ден недела, по јубилеен 10-ти пат се одржа Групно крштевање во водите на реката Треска, на Матка. Светата тајна - крштение ја примија околу 200 луѓе. Со чинот на осветување на водите на реката Треска и Светата тајна - Крштение чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештеници од Скопската епархија.

Оставете Ваш коментар | Е-пошта

Повеќе...
 
НА ТРАДИЦИОНАЛНОТО ГРУПНО КРШТАВАЊЕ
Околу 200 граѓани од цела Македонија, но и неколку од Србија, Босна, Хрватска, па дури и еден Германец, кој треба да стане македонски зет, вчера ја примија православната вера крштавајќи се во студените води на реката Треска....

Коментари (1) | Е-пошта

Повеќе...
 
Божествена Литургија во храм Благовешение во Скопје (31.08.2008)

Crkva.Blagov6.jpg

На празникот на  преподобен Јован Рилски; и светите маченици Флор и Лавр во храмот посветен на празникот на Благовештение, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Тајни  Христови. 

Коментари (3) | Е-пошта

Повеќе...
 
Од Православен календар - Преподобен Јован Рилски
sv.Jovan.Rilski.jpg
Овој голем подвижник и светилник на Православната Црква се роди близу Софија во местото Скрина, во времето на царот Борис. Се роди од бедни и благочестиви родители.

Оставете Ваш коментар | Е-пошта

Повеќе...
 
Манастирска слава на празникот на св. Јоаким Осоговски (29.08.2008)
evpraksija.oso14.jpg
Долгогодишна традиција  на жителите од село Љубанци е,  на празникот на св. Јоаким Осоговски  да се соберат во манастирот на св. Никола најпрвин на Божествена Литургија, а потоа на трпеза на љубовта.

Коментари (2) | Е-пошта

Повеќе...
 
Манастир Св. Никола на празникот на преп. Јоаким Осоговски
evpraksija.oso5.jpg
На празникот на Неракотворната икона на Господ Исус Христос и преподобен Јоаким Осоговски, во манастирот на св. Никола сде отслужи Божествена Литургија. Вениот народ се причести со Светите Тајни Христови.

Коментари (13) | Е-пошта

Повеќе...
 
Од Православен календар- Неракотворната икона на Господ Исус Христос
Nerakotvorna.ikona.jpg
Господ одговори дека не може да дојде, зашто се приближуваше времето на Неговото страдање. Но Самиот зеде крпа, го избриша Своето лице од неа и врз крпата совршено се впиша Неговиот пречист лик. Таа крпа му ја предаде Господ на Ананија,...

Коментари (1) | Е-пошта

Повеќе...
 
Божествена Литургија во соборен храм на Рождество на Пресвета Богородица во Скопје (28.08.2008)
Lit.Uspenie6.jpg
На празникот Успение на Пресвета Богородица,  во   обновената катедрална црква посветена на Раѓањето на Пресвета Богородица во Скопје,  Митрополит г. Горазд во сослужение на свештеници од  Скопската епархија, отслужи Божествена Литургија. Многубројниот  верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

Коментари (32) | Е-пошта

Повеќе...
 
Честитка од премиерот Груевски до поглаварот на МПЦ (28.08.2008)
Премиерот Никола Груевски по повод празникот Успение на Пресвета Богородица до поглаварот на Македонската Православна Црква, Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан и до сите православни верници упати честитка со желби во добро здравје, хармонија и среќа да ги минат празничните мигови.

Оставете Ваш коментар | Е-пошта

Повеќе...
 
Во Лос Ангелес одбележан празникот на Успението на Пресвета Богородица
losangeles.Uspenie.jpg
“ Од нас се далеку Голгота, Елеонската Гора и Гетсиманската Градина за да ги посетиме и коленопреклоно како што Пресвета Богородица се молела да се помолиме. Но затоа ова парче земја и на него изградениот храм, посветен на Успението на Пресвета Богородица е нашата Голгота, насата Елеонска Гора и Гетсиманска Градина и затоа почесто треба тука да се собираме и да бидеме под силната закрила на Пресвета Богородица.”

Коментари (1) | Е-пошта

Повеќе...
 
Успение на Пресвета Богородица- МПЦО „Света Злата Мегленска“ Загреб
zagreb.uspenie6.jpg
На големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, верниците на МПЦО „Света Злата Мегленска“ Загреб, со голем почит и љубов  кон својата Мајка, се собраа на Божествената Литургија, со која богослужеше парохискиот свештеник Протоереј Кирко Велински...

Оставете Ваш коментар | Е-пошта

Повеќе...
 
Успение на Пресвета Богородица
Uspenie.freska1.jpg
Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи на апостолот Јован, рече: „Жено, ете ти син!“ Потоа му рече на Јован: „Ете ти мајка!“ И така ја згрижи Својата Мајка и издивна.

Коментари (1) | Е-пошта

Повеќе...
 
Да за веронаука
pimen.sr5.jpg
Црквата Божја има своја мисија на земјата. Таа мисија е да го води својот народ кон спасение. За да го води верниот народ кон спасението потребно е да го едуцира, да го научи на основните христијански начела на верата...

Коментари (9) | Е-пошта

Повеќе...
 
Манастир Св. Никола - с. Љубанци (21.08.2008)
evp.liturg21.jpg
Во тек е изградба на приодот до манастирот. Тајфата на Ристо од Корча, Албанија, не штедејќи се, со голем професионализам го гради дворното место на манастирот . 

Коментари (10) | Е-пошта

Повеќе...
 
Божествена Литургија во Св. Троица, Радовиш (21.08.2008)
ilarion.preobraz.jpg
  На ден 21.08.2008 Лето Господово,  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички Господин Иларион, во храмот Света Троица во Радовиш одржа света Архиерејска Богослужба со бројно свештенство од Брегалничката Епархија.

Коментари (2) | Е-пошта

Повеќе...
 
Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (22.08.2008)
dragi.matij6.jpg 
Во храмот Св.Климент Охридски  во Скопје,  денес, кога светата Црква го слави споменот на Светиот апостол Матиј, светиот маченик Антониј,  и е маченици Јулијан и Маркијан и другите со нив  отец Драги Костадиновски  отслужи  Божествена Литургија.

Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.

Оставете Ваш коментар | Е-пошта

Повеќе...
 
Од Православен календар - Свети Спасо Радовишки
sv.SpasoRadoviski.jpg

Свети Спасо Радовишки бил роден  во 1774 година во Радовиш поради што го добил прекарот Радовишки. Во тоа време Рдовиш бил село во Струмичката епархија. Неговите родители уште  од мал го воспитувале во Христовата вера...

Оставете Ваш коментар | Е-пошта

Повеќе...
 
Архиерејска Божествена Литургија во Струмица (19.08.2008)
pimen.sr3.jpg
Во храмот Св. Кирил и Методиј во Струмица,  Митрополит Европски г. Пимен во сослужение на свештеници од Европската епархија( отец .Михајло Матевски и отец Виктор Стојчев од Лондон), и клирици на Струмичка  епархија, отслужи Архиерејска Божествена Литургија. 

Коментари (3) | Е-пошта

Повеќе...
 
Прилеп (19.08.2008)
Preobrazenie2.jpg
На 19. 08. 2008 година, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на Светото Преобразение на Господ Исус Христос на планината Тавор, каде на своите ученици-апостоли Петар, Јован и Јаков им ја прикажа Својата Божествена природа, сила и мок, во Храмот Свето Преобразение  во Прилеп,  се отслужи  Божествена Литургија...

Коментари (1) | Е-пошта

Повеќе...
 

Online разговори

Анкета

Изградба на црква на плоштадот во Скопје?
 

Богородичен кондак

Св. Никола - с. Љубанци
29.08.2008


Пребарување

Зошто Христос ја проколнал смоквата?



 

Веронаука ќе нè спаси од паганство и суеверие

Повеќе...

 

Поуки

И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание.
Повеќе...

RSS Линкови

Преземете RSS :

Пријатели












Сè што е соединето со Бога, спасено е

Православен календар

05/09/2008 - петок

Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски;
Светиот маченик Луп;
Свети Виктор;

Православен календар за овој месец - МПЦ

Житие на светиот Епископ Велички Гаврил Светогорец


Во Света Гора Епископот Гаврил бил во мошне незавидна положба, од причини што политичката состојба во Грција тогаш била проблематична. “...
Повеќе...

Поуки од светите отци


Св. Теофан Затворник, : „Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш., ....
Повеќе...

„ПАСТИР“ (Видение третo. Глави 3-6.)


... Зашто, како што тркалезен камен, додека не биде обработен и лишен од некои свои делови, не може да стане четвртаст, така и богатите во овој век, доколку не бидат лишени од своите богатства, не можат да му станат угодни на Бога.... Повеќе...

Беседа


...Та токму на неа се однесуваат и евангелските зборови дека нема поголема љубов од онаа, да се даде животот свој за својот ближен. Ова се зборови излезени од устата на нашиот Спасител Исус Христос...Повеќе...

ЛЕГЕНДА ЗА НЕМАТА ЦРКВА


– „Еве молитва којашто допира до нас!“ – рече Ангелот. Ете зошто лицемерните, формалните молитви не допираат до Бога и не донесуваат плод...
Повеќе...

Епископ Климент- Китки и лулудија


...Покрај горчината во преживеаното со уредниците на грчката телевизија во мене останува светлата надеж за градење на демократски амбиент кој на македонското малцинство во северниот дел на Грција ќе им овозможи право на јазик. ...
Повеќе...

ЗА ОБРАЗОТ И ПОДОБИЕТО БОЖЈО ВО ЧОВЕКОТ (II)


...Сите три Лица на Бог Троица учествуваат во делото на очовечувањето, секое во својството на своето Лице. Отецот останува Оној Кој родил и Кој раѓа, Синот се раѓа, Светиот Дух дејствува...
Повеќе...

Свети Филарет Московски - За разни прашања од духовниот живот


...„На затворена врата се чука со молитва. Со совети може да се влезе само на отворена врата. ...
Повеќе...

Отец Тадеј:


...„" Не ги земај премногу на себе грижите од овој свет, туку чувај го својот мир и живеј со Бога. Нека оди како што оди
...“
Повеќе...

Православни Цркви во светот


...„The Portaitissa, or Keeper of the Gate, icon is from the monastery of Iviron on Mt. Athos.
Повеќе...


Едукативно