„Законот Твој е поучение мое“

Семинаријата Пресвета Троица била основана во 1948 година, од страна на архиепископот Виталиј. Тоа е всушност теолошки факултет кој нуди 5 годишен програм за стекнување на Bachelor in Theology. Семинаристите учат за традиционалната православна теологија, онака како што била пренесена од Светите Апостоли преку живата традиција на Светата Православна Црква, но не учат само апстрактно, туку она што го учат е и дирекно имплементирано во нивниот секојдневен живот. Тие учествуваат во секојдневните Богослужби, а воедно и учат како да прислужуваат, како да читаат и пеат, како оди поредокот на Вечерните, Утрените, Литургиите и другите свети Богослужби и сл. Покрај тоа, тие помагаат и во печатницата, канцелариите, библиотеката, одржувањето на Црквите, студито за иконопис и сл. Студентите се обврзани да носат расо и појас што ја симболизира нивната послушност кон духовните авторитети. Сето ова значително им помага во духовниот раст и ги подготвува за нивните понатамошни подвизи- монашки или пастирски – доколку се одлучат да бидат свештеници во светот.

Stefan.Petkovden.jpg

„Со свјатими упокој Христе души раб Твоих...“
Во подножјето на храмот се поставени четири гробници каде што почиваат личности кои дале голем придонес за овој Манастир и воопшто,  за Руската Задгранична Црква. Во првата гробница почиваат Митрополитот Филарет Вознесенски и Архиепископот Антониј. Во втората – Митрополитот  Анастасиј и Архиепископот Тихон; во третата – Архиепископот Аверки и Игуменот Филимон, а во четвртата – Архимандритот Кипријан (фрескописецот) и Митрополитот Лавр. Фрескописот во гробниците е доста добро обмислен. Насликани се светителите чие име го носеле упокоените пред и по замонашувањето, како и соодветни теми од Светото Евангелие.
 

Stefan.Petkovden.jpg

Вечнаја памјат!

Позади Храмот се погребани основачите на Манастирот и неговите помагатели, а северно од Манастирот постои рид каде што се наоѓаат главните (горни) гробишта.

    Stefan.Petkovden.jpg

На горните гробишта е погребан и праведниот брат Јосиф Муњос, чуварот на чудотворната мироточива икона на Пресвета Богородица Иверска, кој бил насилно убиен во Грција во последниве времиња и слободно може да се нарече новомаченик. Многумина веќе го вбројуваат меѓу Светите, а во работилницата за иконопис видов и негова изработена икона.

Stefan.Petkovden.jpg

 

(Продолжува)

Подготви: С.Л.

 

Јако да царја

{mp3}Jako_da_carja{/mp3}

Јединородни сине

{mp3}Jedinorodni_Sine{/mp3}

Тропар на воведение

{mp3}Tropar_na_vovedenie{/mp3}

Задостојник

{mp3}Zadostojnik{/mp3}

 

Друго: