Помина многу време откако Пркос беше стигнал во Ти-Градот. Покрај гостопримството кое го доживеа во куќата на Ведрана, гостуваше и во други семејства. На тој начин доби прилика одблиску да го запознае животот во Ти-Градот и да го споредува со животот во Јас-Градот.
    
    Животот во многучлено семејство и не е така едноставен ако не си нејзин член. Во почетокот Пркос тешко се навикнуваше и често во себе се потресуваше поради гужвата која владееше. Во големите семејства сите работат. Сѐ се дели. Дури и малите деца имаат некоја обврска. Пркос многупати ја виде малата Цветана како брза да ги нахрани кокошките и да го лула бебето во колевката додека нејзината мајка го готви ручекот. Постарите деца им помагаат на помалите. Тоа е неприкосновен закон. Кога сите работат, тој не смее да седи, иако е гостин! Од првиот миг Ведрана и нејзиното семејство му покажаа дека го сметаат за свој-еден од нив. Тој им помага на Ведрана и Благороден во нивните обврски, но секако не без награда. Неговата цел е брзо да завршат за да имаат време за игра и прошетка.
    
    За денес се договорија да ја посетат Смирена. Затоа Прокос од рани утрини и помагаше на госпоѓата Добра што побргу да ги заврши работите. Внесуваше дрва за огин, потоа се зафатуваше со полевање на градината и цвеќињата, а потоа заврши уште некои работи во дворот.  

    -Пркосе, Пркосе!

    Ја подигна главата и ја здогледа соседката, која забрзано се прближуваше.
    
    -Добар ден, госпоѓо Нада, што се случува?
    
    -Дете мое, те молам, брзо повикај ја госпоѓата Добра! Морам да разговарам со неа.
    
    Веднаш потрча да ја повика. Тие накусо рагзовараа, а потоа набрзина се разделија. Госпоѓата Добра на патот до влезот во куќата ја извади престилката. Пркос се вознемири. «Би било интересно кога сега би заминала. Се надевам дека ќе ги земе бебето и Цветана.» Но, по недолго време, гледа како заминува сама.
    
    - Пркосче, дете мое, јас ќе одам. Ако нешто и затреба на Ведрана, помогни ѝ!

    - Госпоѓо Добра, вчера ви кажавме дека ќе одиме денес кај Смирена.

    -Да, но само што ме известија дека морам да одам. Ведрана ќе ти објасни. Ако се вратам брзо, ќе одите попладне, во спротивно, утре. Збогум, дете мое.
    
    Пркос се лути и  наместо да одговори на поздравот ја шутира кофата за вода која се наоѓа пред него. Госпоѓата Добра брзајќи излегува од дворот, не обѕирајќи се. Или не слушна или можеби се преправаше. Ведрана се наоѓа пред прозорецот со свето братче и ја посматра целата сцена.

    -Што значи имаш да ми кажеш? Твојата мајка замина. А што се договоривме?

    -Влези внатре па ќе ти објаснам! Не можеме вака да се довикуваме.

    -Не ми се потребни објаснувања! Јас одам сам. А ти остани сама да ги чуваш своите браќа.

    Уште еден удар со ногата во кофата беше поздрав за Ведрана.
    Ниту примети како стигнал до куќата на учителката Смирена. Лав, лаејќи се моткаше околу неговите нозе и бараше да се играат.

    -Подобро би ти било да ми се тргнеш од патот! Не сум расположен за игра.

    Смирена, како и секогаш го дочека срдечно и откако го исслуша внимателно, дознава што се случило.

    -Размисли малку, дали можеби си погрешил што не си ја сослушал Ведрана? Сигурно постоела сериозна причина што нејзината мајка така брзо заминала. Изгледа дека лутината те победила, наместо  да ја победиш ти неа.

    -Не беше лесно.

    -За никој не е лесно! Барем да се обидеме во моментот на гневот да не изговараме зборови кои можат да го повредат другиот. Тогаш е подобро да се оддалечиме додека не се смириме.

    -Така и јас направив. Заминав.

    -Сепак претходно двапати си ја шутнал кофата.

    -Уште од утрото извршив толку задолженија! Ни дома не се уморував толку. Мислам дека ме искористуваат.
    
    -Така гледаш на нештата затоа што си очекувал награда за работите кои си ги извршил. Би било добро да им помагаме на луѓето не очекувајќи противуслуга. Бог во своите раце ја држи платата за добрите дела кои ги правиме. Он ни ја праќа тогаш кога најмалку се надеваме.
    
    -Никогаш така не сум размислувал.

    -Сега сакам да те пашам нешто: дали некој, за сево ова време додека си во куќата на Ведрана ти покажа дека си непожелен?

    -Не. Никој.

    -Да не се пожалиле дека ги заморуваш, или дека можеби поради твоето присуство немаат доволно простор во куќата?

    -Не. Никогаш.

    -Дали прават некогаш гримаси додека ти го сервираат јадењето?

    -Би рекол-токму спротивно! Секогаш со радост се грижат за мене.

    -Дали би ти се допаднало тоа да го прават со тешко срце?

    -Никако! Би било така како посредно да ми порачуваат да си одам.

    -Токму така! Значи тие луѓе не само што прават добро, туку тоа го чинат на прав начин. Размисли малку за тоа.

    Малку време и обајцата молчат. Се гледа дека Пркос е замислен. По кусо време Смирена му предложува малку да се прошетаат.

    Мислам дека подбро е да си заминам. Ведрана е сама и можеби потребна ѝ е мојата помош.

    Смирена го посматра со насмевка.

    -Донесе вистинска одлука.

    -Да, но како да им се појавам предочи? Што да им кажам? Грдо се понесов.

    -Едноставно е! Извини им се!

    Скокнува на нозе како да го каснала оца.

    -Невозможно! Тој збор никогаш не сум го проговорил.

    -Еден толку мал збор?

    -Никако неможам да го изустам!

     Смирена се смее.

    -Еднаш мораш да се обидеш! Ти ќе имаш добивка. Инаку, понекогаш нашето однесување може да говори наместо нас.

    -Ќе најдам момент да се обидам. Фала ти за сè!

    -Бог да те благослови! Избакни ги децата наместо мене!

    -Тоа сигурно ќе го  направам.

    Заминува трчајќи. Во свеста постојано му се вртат зборовите на добрата учителка. «Кога правиш добро, чини го на добар начин. Не очекувај награда.»


Извор: „Из Ја Града у Ти Град” (издание на Беседа-Нови Сад 2007 година)

    Подготви: Маја Белева

 

16-ти август 2017 лето Господово