svetsab2018 3

„Твојот ангел, Господи, кој го објави Вокресението, ги исплаши стражарите, а на жените им извика, говорејќи: Зошто Живиот Го барате меѓу мртвите? Он воскресна, бидејќи е Бог, и на вселената живот и дарува“ (хвалитна стихира на Утрена во Сабота од Светла седмица).

 svetsab2018 1

svetsab2018 5

На 14.04.2018 година, во Саботата од Светлата седмица и на празникот на светата Марија Египетска, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи и Прес. Богородица“ во Епинг, Мелбурн, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Ефтим Бетински и Димче Ѓорѓиески, игуменот Гаврил, свештеникот Климент Станковски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

 eping2018 2

Митрополит Тимотеј

Христос воскресе!

Драги браќа и сестри,

Се наоѓаме во светлата седмица кога нашата света Црква торжествено го прославува Воскресението на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Но, денеска, според црковниот календар, се прославува, исто така, една светителка, односно, светата Марија Египетска. Луѓето коишто почесто ја посетуваат Црквата и богослуженијата, верувам дека знаат за оваа Божја угодничка. Нејзиното житие е многу невообичаено. Но, исто така, тоа, никогаш, од Црквата не било оспорувано како веродостојно на една реална личност. Личност, која ни покажува конкретен пат на подвиг за избавување и спасение на својата душа.
svetsab2018 2

Во долгата историја на Црквата имало обиди, разни поединци, а некогаш и цели групи, кои се обидувале на Црквата да ѝ подметнат разни прикаски. Но, Црквата истите ги отфрлала како апокрифни, додека, пак, житието на св. Марија Египетска, отсекогаш било прифатено од Црквата, и тоа како вистинско сведоштво и потресно духовно искуство на човекот.


svetsab2018 4

Но, нека ми биде дозволено, во кратки црти да го изложиме нејзиното житие. Св. Марија била голем грешник, жена падната во блудно живеење. Живеела во Александрија, немајќи никакви допирни точки ни со вера, ни со Бога. Еднаш посакала да оди во Светата земја и во Ерусалим. Од невидлива Божја сила била спречена да влезе во црквата на Христовото воскресение. Ова попречување, кај неа предизвикало едно чувство за преиспитување и анализирање на нејзиниот живот. Чувство на преумување. Ја согледала својата гревовност и паднатост во големата провалија на гревот. Паднатост поради нејзиниот недоличен живот. Во таква состојба, се покајала и одлучила да се повлече во Јорданската пустина. Се повлекла во пустината за да ги кае, преку целиот свој живот, своите гревови, во самотија, пост и молитва. Во Јорданската пустина ќе поживее скоро половина век. Со себе немала ниту парче леб, ни облека, ни вода, или, пак, било какви овоземни потрепштини. Се хранела од тоа што давала пустината, а сите знаеме колку е „дарежлива" секоја пустина.
eping2018 5

Осаменоста, на секој човек, му дава можност, вистински и длабински да се анализира себеси и да се сознае, не површно, не формално, туку, суштински. Марија, поминувајќи го периодот во пустината во осаменички живот, презрела сѐ од овој свет, живеејќи само со себе и ништо друго не гледала освен Бога и севкупниот свој живот го препуштила на волјата Божја. Била спремна, ако треба и ако е волја Божја, и да умре во пустината, каде што дивите ѕверови би ја распарчиле и никој за неа нема да чуе и да сознае. Но, волјата Божја била поинаква. Нејзината силна и непоколеблива надеж во Бога, како и нејзините подвизи, каде што била изложена и на студ и на жеги и на други искушенија, таа била сецело преобразена. Затоа, при крајот на нејзиниот живот, кога ќе ја сретне преподобниот Зосим, тој во неа нема да види човек, туку, ангел.


Од житието на св. Марија Египетска и ние, денеска, можеме многу да се поучиме. Не сме сите подготвени на такви подвизи. Но, како што рекол еден голем проповедник на Евангелието во XIX век, суштински е да најдеме потреба да влеземе во внатрешната пустина. Овие зборови може да бидат разбрани и од луѓето и во денешно време. Патот на Марија Египетска, како што рековме, бил со паѓање во најголемата бездна на гревот, но, преку пост, молитва и осаменички живот, ѝ помогнал да ги отфрли сите поранешни слабости и страсти и да ја доведе во таа состојба, да се предаде целосно во исполнувањето на волјата Божја.


Кога човекот сериозно ќе започне да го анализира својот внатрешен живот, и кога пред Бога ќе ги исповеда своите гревови и го признава своето несовршенство, потребна му е духовна храброст, сконцентрираност и да се замисли на својот живот. Тогаш, се појавува потреба за преземање одредени мерки на ограничување на самиот себе. Тогаш, осаменоста постанува животна неопходност, затоа што животната суета не дава можност да се спроведе таа тешка работа, со која се преобразува и сопствената душа.


Од нас, светата Црква, односно Бог, не бара да одиме во пустини, туку бара секој еден од нас да оди во пустината на своето срце. Од нас бара да посветиме сериозна грижа за спасение на нашите души. Тоа можеме да го постигнеме кога одиме во светата Црква на молитва. Таму да ја отвориме својата душа пред Бога. Да ги исповедаме своите гревови и слабости и да побараме прошка за нив и поткрепа од Бога, за да можеме сите животни препреки да ги пребродуваме со благодатта и силата на Светиот Дух, преку нашите молитви и така да спечалиме милост Божја, за спасение на нашите души. Амин!

 

Христос воскресе!

 eping2018 3

eping2018 4

 eping2018 6

eping2018 7

eping2018 8

eping2018 9

eping2018 10

Св. Марија Египетска
14. 04. 2018 година
Храм „Св. вмч. Георгиј" – Епинг, Мелбурн, Австралија