IN MEMORIAM

КОЛЕ  ЈОВАНОВСКИ

На 58 годишна возраст се упокои еден од најкреативните и најпродуктивните пионери на електронската телевизиска монтажа и постпродукција, маестро Коле Јовановски. Од 1981 година работеше во својство на ТВ монтажер, асистент режисер или режисер на  околу 5000 разни жанрови на емисии, филмови, драми, серии и спотови кои беа наградувани на голем број меѓународни фестивали.

Видео арт програма Кокино беше прикажана во Холандија на Worldwide Video Festival 1993 година и на фестивалот Europian Media Art во Германија, во Institute of Contemporary Arts во Бостон - САД, како и на видео средбите во Белград- Југославија 1992 година. На сите овие фестивали се стекна со признанија и е дел од библиотеката на Институтот  во Бостон. Добитник е на награда на фестивал во Неум за документарната емисија Мојот татко Изет. Емисијата составена од фолклорни музички спотови Песна на ангелот  е една од најрепрезентативните и најпродавани видео касети во касетната продукција на МТВ. Исто така, беше монтажер и помошник режисер на документарниот филм Македонската книга на живите,  промовиран во Париз и емитуван на  француската ТВ, на телевизискиот  филм Мугри  и монтажер на ТВ играна серија Тврдокорни, која беше  пример на едукативно наставно градиво на ФДУ во Скопје и др.

Во архивата на МТВ ќе останат врвните ТВ достигнувања и за нашите цркви и манастири, а во последниот период работеше на православната телевизиска серија По делата ќе те препознаам за Канал 5 плус телевизија. Тој е еден од основачите на меѓународниот  филмски фестивал за духовни и хумани вредности Богородичен Покров за кој го жртвуваше и својот живот и во иднина овој фестивал нему ќе му  биде посветен.



13-ти април 2018 лето Господово