Скопје,14-ти до 19-ти октомври 2017 лето Господово

- -МНТ- - 

 

 

 

 

 

  Обраќање на Неговата екселенција амбасадорот на Република Федерација во Скопје, г-дин Олег Шчербак на Вториот Меѓународен филмски фестивал „Богородичен покров"

 

Почитуван  Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, почитувани организатори, гости на фестивалот, дами и господа, драги пријатели,


Точно пред една година овде во Скопје беше ставен почеток за една благородна иницијатива- прв во Македонија фестивал на духовен филм по повод светлиот празник „Богородичен Покров". Денес може да се каже дека посакување изречено тогаш од сите нас е исполнето - филмскиот фестивал „Богородичен Покров" има достојно продолжение и оваа година. Има повеќе гости и учесници, а филмската програма стана. побогата и поразновидна, што секако радува и дава оптимизам. Тоа е позитивна порака која сведочи, дека се зголемуваат и се здружуваат редови на оние за кога главен животен ориентир се традиционалните вредности, верата во Бог, љубовта кон луѓе, совеста, правдата и доброто, кои разбираат, дека не може да се создаде нешто корисно и долговечно.
Многу ми е драго што повторно на македонската земја ја гледам претседателот на Мегународниот православен' Сретенски филмски фестивал „Встреча" матушка Софија која многу години со се срце и душа го промовира православниот филм и културните вредности и многу * направи за успех на минатогодишното издание на фестивалот „Богородичен Покров". И се заблагодаруваме на матушката Софија што таа најде сили да дојде пак во Македонија и се надеваме дека филмовите кои што ќе ги презентира оваа година, гледачи на фестивалот исто така ќе оценат и ќе засакат. Вистинска радост е за мене да ги поздравам филмските и телевизиски дејци од Чешка, Романија, Босна и Херцеговина односно Република Српска. Филмовите кои што тие ги донесоа, како и филмовите од Македонија и Шпанија е очигледна потврда за проширување на мапата на фестивалот.

 


Во сите времиња човечката душа била бојно поле меѓу доброто и злото, и нашето доба не е исклучок. Згора на тоа, денес злото, за што сведочи разурнувачка дехристианизација на Западна Европа и зајакнување на меѓународниот тероризам, дејствува особено активно, користи се полукави методи, знае да стави привлечна обвивка и да ги менува вистинските вредности со лажни. Во нашето време посебна ризична категорија се деца и младина кои се најранливи пред соблазната на оваа опасна, вклучително и виртуелна, реалност. На младата генерација и се потребни грижа и покровителство од вистинската уметност, добар наставен збор кој ќе им помогне да го издвои праведното од гревотното, и во овој поглед улога на современата кинематографија е исклучително битна.

Мислам дека неформален разговор со млади луѓе. промовирање на вистинските морални вредности меѓу нив мора да биде врвна, најважна задача на филмскиот фестивал „Богородичен Покров", како и на други слични уметнички платформи и форуми.

Нели доколку денес ќе очаеме, ќе оставиме младина еден на еден со злото, веќе утре верата и доброто ќе одстапат пред култот на силата и неморалот, црквите ќе се испразнат, а светот ќе се заглави во темнината на отуѓеноста, жестокоста и хаосот.


Би сакал да и се заблагодарам на почитувана госпоѓа Зорица Костовска за нивните напори во организацијата на овој филмски фестивал од во суштина хуманитарниот карактер и да им посакам на сите негови учесници успеси во уметничката дејност, како и во нивната важна просветна мисија. Треба да се памти дека секој ваш филм е ценет не само како уметничко дело, туку и како морален ориентир, кој на тој или оној начин ја формира човечката душа.
Ви го честитам празникот! Нека биде со сите нас Покров на Пресвета Богородица.
Благодарам на вниманието!

 

 

 пп/р.п.