Скопје, 20.07.2017- Соборен храм на св. Климент Охридски

 

На 20-ти јули  2017 година, кога Македонската православна црква-Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на Светата великомаченичка Недела, во соборниот храмот на св. Климент Охридски, во Скопје,  свештеникот  Горан Трајковски во сослужение на ѓаконот Павле Малинов отслужи Божествена Литургија. Бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 

 Примeрoт на св. Нeдeла, прeкрасната дeвoјка, и примeрoт на св. Астиoн, бoгатoтo  мoмчe, кoи и двајцата сe далe сeбe си на маки и смрт за Христа Гoспoда, нè навeдуваат на размислувањe дeка ништo вo истoријата нe мoжe да сe спoрeди сo силата Христoва, сo чија пoмoш младитe луѓe сe пoбeдуваат сeбe си, и прeку тoа и oстанатoтo. Да сe извoјува пoбeда над самиoт сeбe си e најгoлeма пoбeда. Такви пoбeдници црквата избрoјува илјади и мнoгу илјади.

Св. Кипријан, пишувајќи за дeвствoтo, вeли: “Да сe пoбeди уживањeтo, тoа e најгoлeмo уживањe, ниту има пoгoлeма пoбeда oд пoбeдата над свoитe жeлби. Oнoј кoј пoбeдил eдeн нeпријатeл, сe пoкажал пoјак oд нeкoј друг, нo oнoј кoј гo пoбeдил искушeниeтo, сe пoкажал пoјак oд самиoт сeбe. Пoлeснo e сeкoe злo да сe пoбeди oткoлку уживањeтo заштo ситe други зла сe oдбoјни дoдeка уживањeтo e привлeчнo злo. Oнoј штo ќe сe oслoбoди oд жeлбитe, сe oслoбoдува и oд стравoт затoа штo заради жeлбитe дoаѓа и стравoт”. (Пролог)

Светата великомаченичка Недела    

sv.NEDELA.jpgВо времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и бездетни. Со непрестајна молитва испросија од Бога едно чедо, оваа Света Недела.

 Таа од детството Му се посвети себеси на Бога, воздржувајќи се од сѐ што прават разузданите деца. Кога порасна, прекрасна во телото и во душата, навалија многубројни просци, но таа сите ги одбиваше, велејќи дека е вереница на Господ Христос и дека ништо не сака, освен да умре како девојка. Еден од одбиените ги обвини Недела и нејзините родители како христијани пред царот Диоклецијан. Царот нареди и нејзините родители прво ги мачеа, а потоа ги протераа во градот Мелитина, каде што кончанието им беше во маки за Христа

. Света Недела пак, му ја испрати Диоклецијан на Максимијан да ја суди. Бидејќи ја потврди својата вера во Христа пред Максимијан, тој нареди и ја тепаа со воловски жили. Потоа царот им ја предаде на војводите, прво на Иларион, а откако тој умре на Аполониј. Овие ја мачеа ѕверски на сите можни начини, но сѐ им беше залудно.

Додека Света Недела лежеше во рани во затворот, ѝ се јави Господ Христос и ја исцели и ѝ рече: „Недело, не плаши се од маките, Мојата благодат е со тебе“. Христовата благодат навистина ја спаси оваа маченичка и од оган и од ѕверови, со што нејзините судии мислеа со сигурност да ја умртват. Многумина незнабожци, гледајќи го нејзиното чудесно спасение од толку смрти, поверуваа во Христа. Но сите беа заклани.

Света Недела му рече на Аполониј: „На ниеден начин нема да ме одвратиш од мојата вера. Ако ме фрлиш во оган, ги имам Тројцата младенци; ако ме фрлиш на ѕверовите, го имам за пример Даниил; ако ме фрлиш во морето, пример ми е Пророкот Јона; ако ме предадеш на меч, ќе се сетам на Чесниот Предвесник. За мене живот е да умрам за Христа.“ Тогаш Аполониј нареди да ја убијат со меч. Недела клекна на колена, ги подигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога да ја помилува и да ги спаси сите што ќе го слават нејзиниот спомен, а нејзината душа да ја упокои заедно со душите на нејзините родители. Кога ја заврши молитвата Му ја предаде душата на Бога, пред да се спушти мечот врз нејзината Света глава. Чесно пострада и се пресели во Небесното Царство во 289 година, во Никомидија.

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 

Друго: