Во периодот од 12-14 мај 2017 година, во градот Виена -Австрија,се одржа редовното годишно собрание на Европската Епархија.
Во петокот навечер Епархискиот Управен Одбор оддржа состанок на кој се констатираше работењето во текот на изминатата година.
Во сабота состанокот започна со света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г .Пимен и  свештеници од Европската Епархија.


На св.Литургија Неговото Високопреосвештенство г.Пимен го произведе во протоерејски чин  Душко Пецов -парохиски свештеник во МПЦО св.Кирил и Методиј -Дортмунд

Во присуство на скоро сите делегати од Европските Црковни општини се одржа собранието   Во потполен ред и хармонија со активно учество на сите делегати преку дискусија , речиси 5 часа интензивно се исцрпуваше дневниот ред.
По состанокот беше организирана музичко -културно манифестација на која присуствуваше амбасадорот на РМ во Австрија, др. Василка Попоска Треневска и  конзулката Румена Томоска .
Овој прекрасен настан беше збогатен со настап на играорната група КУД „Македонка“ Виена .
За особена пофалба се домакините од МПЦО Св.Наум Охридски кои функционираа сите како еден и се погрижија сите три дена ништо на никој да му недостасува и се да биде во ред и навремено доставено на секој.

 

Да се радуваме и веселиме и нека убавите зборови на о.Пимен ,,Да Му благодариме на  Бога!
„Богат е човек кој има вакво свештенство, вакви делегати и ваков верен народ.Радоста моја е огромна а уште повеќе ме радува присуството и на мали дечиња кои од повеќе страни од Европа се присутни на овие собранија да ни бидат потик и стимул за сите нас и како свештенство и како верен народ ,кој иако далеку од родното огниште, живата света  Македонска Православна  вера ја пренесуваат низ цела Европа.“

 

 

Известува: отец Душко Пецов -парохиски свештеник во МПЦО св.Кирил и Методиј -Дортмунд