Почитувани верници и наши читатели,
Ве известуваме дека во Петата недела на Чесниот Пост, во Неделата на Св. Јован Лествичник, на 29 март 2017 лето Господово, во Охрид ќе се одржи сеноќно бдение во храмот Успение на Пресвета Богородица- Каменско, кое ќе започне во 22,30 ч.

Дојдете сите заедно да ги упатиме молитвите кон Христа Сецарот, да ни даде мир и еднодушност и на нашето православно македонско општество, кое, за жал, во ова време е разбранувано од суровите ветрови на поделеноста и омразата и откако ќе го прославиме, радосно да се причестиме со светите Христови Тајни.

 

за Преминпортал: Дејан Блажевски

28- ми март 2017 год.