Во текот на вчерашниот ден, Македонската православна црква, преку својата хуманитарна организација "Милосрдие", а во соработка со DHL, посети домови на настраданите во поплавите во с. Стајковци и подели средства за лична хигиена, средства за дезинфекција и чистење, перници, јоргани и вреќи за спиење.

Акцијата ќе биде спроведена повторно. За потсетување, хуманитарната организација "Милосрдие" и претходно подели околу 1400 пакети детска храна, која беше доставена во ОУ "Свети Кирил и Методиј" во с. Стајковци.

 

Извор: МПЦ-ОА