Скопје- Во храмот  на св. Петка, на празникот на Светиот Архангел Гавриил  , свештеникот Климент Станковски  во сослужение на ѓаконот Јане Илиев отслужи Божествена Литиргија, на која бројниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  

arh.Gavril.S.jpg

 Кондак, глас 2.

На небесата гледајќи ја Божјата слава, а на земјата давајќи благодат од висините, началнику на ангелите, мудри Гаврииле, на Боќјата слава служителу, и на светото божествен бранителу, спасувај и чувај ги оние што ти викаат: Самиот три биди ни помошник, и никој ништо не ни може.

 


Во доброто помага Бог, а во лошото демоните. Но, тоа зависи од нашата волја. Треба себеси да се принудуваме на доброто, но знаејќи ја својата мерка. Треба да ја проучиме својата душа и она што е полезно за неа. На некого му е полезно да се моли повеќе, на некого да чита или да пишува. И да се чита е полезно, но подобро е да се молиш нерасеано, а уште подобар е плачот. Како на кого му дава Господ. Конечно, станувајќи од постела, треба да Му благодариме на Бога, потоа да се каеме и да се молиме до ситост. А потоа добро е да се чита за да се одмори умот. Потоа пак молитва и работа. Благодатта доаѓа од сето она што е добро. Но, најмногу заради љубовта спрема братот. Свети Силуан Атонски

 

 

 

 

  

   

 

 

 

 

Преминпортал (к.т.)