Издавачката дејност на манастирот "СВ. Атанасиј Велики" С. Журче - Демир Хисар  има нови изданија на македонски и англиски јазик: Метафизички аспект на иконата - Милорад Јововиќ; The metaphysical aspect of the icon - Milorad Jovovic.

Цената е 150 денари

Дистрибутивен контакт:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
081358579 С. Харитина
075490655 Струмица
070276721 Скопје - Марјан

Ликот кој е насликан на иконата не е отпечаток на нашиот свет, туку тоа е наѕирање или јасно видување на едно од битијата од светот на вечноста, затоа самата површина на иконата ‒ тлен материјален екран низ кој ни се јавува и покажува таа нетлена личност.
Иконата е огласување на духовниот свет со бои и претставува прозорец, но тварен, кој е поставен меѓу два света – тварниот и нетварниот, меѓу светот кој не претставува супстанцијално зло, но навистина сиот ,,во зло лежи” (1Јн. 5,19) и светот на апсолутното добро. Како што низ прозорецот на нашата соба влегува дневна светлина и неколку сончеви зраци ја осветлуваат нејзи- ната внатрешност - исто така низ иконата влегува бла- годатна светлина во природата на тварта, осветлувајќи ја со благодатните зраци на преобразителната, вечна, несоздадена и нематеријална светлина. Тако личноста представена на иконата ги осветлува душата и телото на оној кој нејзе молитвено & се обраќа. Тоа е метафизичка светлина за која говориме овде и таа е основна карак- теристика на севкупниот иконопис, зашто ,,с# што се ра- зоткрива, светлината го прави јавно; бидејќи сe што е јавно, светлина е” (сп. Еф. 5, 13).


Заради сe овде произнесено иконата можеме да ја сфатиме како укажувач на светителот којшто на неа е претставен. Таа му помага на човекот да го концен- трира своето внимание, зашто духовната собраност е важен предуслов за развивање на духовното гледање. Со восредоточување на духовниот вид во молитвениот подвиг на ликот прикажан на одредена икона, нему му се отво- ра таа страна, така што тој лик претставува прозорец, а зад него се простира безгранична светлина. С# останато на површината на иконата, покрај сликаниот лик, е само
декоративна и орнаментална вредност или исцртана даска која може да се апстрахира, зашто останува на- страна од восходењето на душата којашто се моли а благодатта се слева на неа.
 ,,Нетварната и нематеријалната светлина која се испраќа преку просветлениот светителов лик е Светлина а никако бледо и сомнително потсетување на светлина, и таа Светлина бидејќи несоздадена, неминлива е и не го осјајува човекот по механичка нужност како што се случува со тварната светлина.”8 Само што оваа светлина може некогаш посилно а некогаш послабо да се пројавува, а сето тоа зависи од човековото отворање спрема неа.
Осветлувајќи го оној што се моли, таа е благодат Божја, дарувана на светителот или непосредно, ако е икона Божја; и го осветлува оној што се моли и му дава уверување дека постои извесен таинствен идентитет на нетварниот Бог и на светите луѓе со нивните прикажани преобразени ликови. Оној кој во текот на искачувачкиот пат по лествицата на духовното восовршување гледа светлина, нестекнува само опит на видување, туку нејзе & се вподобува и самиот станува светлина.

 

 10.05.2017

 Архивски материјал: 

Man.Zurce.jpg


 
Во издание на  библиотеката „НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ“ при манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа:   ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх. Рафаил Карелин.
во моментов, книгите може да се купат  во манастирот  на  св. Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Библиотеката “НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ” ги  има издадено и следните книги:
“НОВ ЗАВЕТ”
“Тајната на спасението” од арх. Рафаил Карелин
“Свети Нифонт”
“Светињата на животот и детеубиството”
“Касијана”
“Свети Серафим Саровски”


     Јеромонах Серафим Роуз - Воздушното царство на духовите

 Korica.S.Rouz.jpgKorica.hritijaninot.jpgKorica.Tajnata.jpg

 

 Друго: