✜✣✜

Во целото човештво се расеани разновидни гревовни мамки, за човекот непрестајно да се бори со својот ум. Еден се бори, а друг се занесува по мамката и паѓа. Паѓаат луѓето еден по друг соодветно на својата духовна расположба. Ова не бива без учество на непријателот, но тој се сообразува спрема нашата расположба. Тој, кога ќе посака некого да го врзе со некоја гревовна положба, го врзува со она со што тој се насладува, така што, радувајќи им се на своите вериги, да не посака некако да се разврзе.

Итар е тој што нѐ врзува и знае со што и како кого да врзе; знае оти, ако го врзе со некои вериги што не ги сака, разумот негов веднаш ќе ги разврзе и ќе се ослободи. Затоа, секого го врзува со она со што се насладува. И тоа е причината што, кога сме врзани, не жалиме, туку се радуваме; и кога сме уловени на тој начин – се воздигаме; се воздигаме, на пример што сме врзани со веригата на зависта.

А оној, пак, што е врзан со веригата на прељубодејството – смета воопшто не е врзан; и оној што е врзан со славољубието и со очигледни неправди – смета дека е сосема слободен од секакви вериги. Секој од врзаните не ги знае и не ги гледа своите вериги и не ги чувствува мрежите во кои се обмотал. Сите тие страдаат со несвесноста и замагленото сознание на пијаните. Врзаниот опиен човек не знае дека е врзан. Во своето пијанство тој ги заборава веригите и не ги гледа врз себеси.

 

Избор од ФБ на С.Т.